Press "Enter" to skip to content

Христо Кондовски: им честитам на битолчани за изборот и на мојот противкандидат за победата.

Кандидатот на СДСМ и Коалиција, Христо Кондовски, се огласи преку својот фејс-бук профил на кој напиша:

Почитувани битолчани,

Ви благодарам на сите за поддршката. Ми беше чест што бев дел од изборниот процес кој денес завршува. Им честитам на битолчани за изборот и на мојот противкандидат за победата.
Како докажан претприемач, конструктивен и отворен ќе продолжам да го давам својот придонес за развој на Битола во секој сегмент во кој што можам. Посакувам подобра и поубава иднина за сите нас, граѓаните на Битола. До следниот предизвик останете во добро здравје и со добра мисла.

Ваш, Христо Кондовски

More from ВестиMore posts in Вести »