Press "Enter" to skip to content

Битолчанец приведен за поседување дрога, друг за фалсификувани евра кои ги разменувал во Скопје

На 31.10.2021 во 13.30 часот, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 21 годишно лице од село Долно Оризари, битолско, затоа што кај него биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишен жител на Битола осомничен за кривично дело – Фалсификување пари по член 268 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 7 октомври, од засега непознато лице во близина на Бит Пазар прибавил лажни пари со намера да ги пушти во оптек. Прибавените 18 банкноти во апоени од по 500 евра, во денарска противвредност од вкупно 558.000 денари, сеобидел да ги размени во менувачница на улицата „Белградска“ во Скопје. Сопственикот на менувачницата забележал дека банкнотата која му била дадена да ја размени не е вистинска и веднаш пријавил, а полициските службеници кај пријавениот ги пронашле и другите лажни банкноти. До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице,бидејќи постои опасност од бегство и можност тој да влијае врз сведоците или да го повтори делото.​

 

More from ВестиMore posts in Вести »