Press "Enter" to skip to content

Во библиотеката одбележани 700 години од смртта на Данте Алигиери

По повод 700 години од смртта на Данте Алигиери, НУУБ “Св. Климент Охридски“ од Битола во холот на Библиотеката беше поставена тематска изложба. Изложбата со своја програма ја збогатија ученици од СОУ „ТакиДаскало“ од Битола, под менторство на проф. Николина Поповска.


Агилиери е писател на многу значајни дела напишани на италијански и латински јазик, но пред сè на монументалната поема Божествена Комедија, која претставува едно од најзначајните литературни дела на сите времиња во кое се раскажува за патување во задгробниот живот.

Во поемата, поделена на три дела – Пекол, Чистилиште и Рај, се претставени религиозните и филозофски концепти на тој период и се среќаваат бројни познати личности од Италија и современици на авторот, коишто се трансформираат во универзални архетипови, дотаму што тие дури и денес се актуелни. 

More from ВестиMore posts in Вести »