Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево со мала локална облачност, утре дождливо

Денес, понеделник, 1 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 16 степени.

Утре, 2 ноември, во Битола, времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. Попладне облачноста делумно ќе се намали и врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 16 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »