Press "Enter" to skip to content

Започна реконструкција на “Солунска“, дел од сообраќајот се пренасочува

Започна реконструкцијата на ул. „Солунска“, која според потпишаниот договор ќе се изведува на потегот од раскрсницата со ул. „Климент Охридски“, до спојот со ул. „Тошо Даскало“.

Реконструкцијата опфаќа промена на водоводната мрежа, промена на мешовитата канализација и нов коловоз. Вредноста на оваа инвестиција е 20.632.300 денари.

Реконструкцијата на улицата ќе се одвива во фази. Првата фаза ќе се реализира на потегот од раскрсницата со ул. „Климент Охридски“ до завршувањето на островчето, кое ја дели улицата во две едносмерни насоки.

More from ВестиMore posts in Вести »