Општина Битола ја објави програмата за одбележување на 4. Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, а централниот настан доделување на наградата за животно дело, која годинава ќе ја добие актерот Петар Мирчевски ќе се одржи на 3 номеври со почеток во 19 часот, во Офицерскиот дом во Битола.
Инаку, свеченостите ќе започнат утре со одржување на вело трка, а за 3 октомври се закажани повеќе настани, излоѓба, трубина, традиционалната ноќна атлетска трка и свеченото доделување.
Во четврток ќе има прием кај градоначалникот за Сојузот на борци, полагање свежо цвеќе и шаховски турнир и изложбата на ДЛУБ.Во рамките на прославата понеделник ќе биде традиционалниот кугларски градски турнир, а во идниот четврток изложба.