Press "Enter" to skip to content

Општина Битола ја објави програмата за 4. Ноември, наградата за животно дело ќе се додели во Офицерски

Општина Битола ја објави програмата за одбележување на 4. Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, а централниот настан доделување на наградата за животно дело, која годинава ќе ја добие актерот Петар Мирчевски ќе се одржи на 3 номеври со почеток во 19 часот, во Офицерскиот дом во Битола. 

Инаку, свеченостите ќе започнат утре со одржување на вело трка, а за 3 октомври се закажани повеќе настани, излоѓба, трубина, традиционалната ноќна атлетска трка и свеченото доделување.

Во четврток ќе има прием кај градоначалникот за Сојузот на борци, полагање свежо цвеќе и шаховски турнир и изложбата на ДЛУБ.Во рамките на прославата понеделник ќе биде традиционалниот кугларски градски турнир, а во идниот четврток изложба.

More from ВестиMore posts in Вести »