Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: Што не е позитивно родителство или родителство со почит (Respectful parenting)

Не е ако…

Казнување и наградување

Позитивните родители не ги казнуваат или наградуваат своите деца за да имаат контрола  врз  однесувањето на своите деца. Но покрај овие очигледните форми  казна и награда (претходни текстови во Совети

Принуда

Тие исто така не би требало да користат и  некои суптилни форми на принудување како што се:  

  • засрамување, понижување,
  • чувство на вина
  • осуда, судење,
  • Закани
  • Договарање

Запрашајте се самите себе „ако вашиот пријател ви ги прави овие нешта, дали  ќе сакате таков пријател? Сигурно не посакувате таков однос (врска). Ваквите  врските врз основа на почит не се со обид да контролирате или имате влијание врз нечие однесување.

Родителството со почит подразбира автентичен однос со своето дете.

Произволни правила

Правила, правила правила. Како  деца ни беше преку глава од   некои правила. Родителите со почит не поставуваат произволни правила. Да се оди во кревет бидејќи другите луѓе мислат кога би требало децата да одат во кревет. Не ги принудувајте, терајте  децата со „Ајде сега да се извиниш“, кажи „Фала“, „Дај му ја играчката на другарчето„или „оди да те бакне тета“. Правила донесени произволно прават децата да ги прекршуваат.Луѓето природно се борат против тоа да бидат контролирани.

Родител кој премногу дозволува (попустлив)

Ова е едно од најголемите недоразбирања околу  родителството со почит,заради тоа што некои сметаат дека тоа подразбира да му допуштате се на своето дете. Допустливите родители сметаат дека без контрола на своите деца, а тука спаѓа  оставате да прават што сакаат и кога сакаат. Да бидат бесни, уништуваат наоколу, да бидат некултурни… и да се отиде во друга крајност.

Физичко казнување

Ова не е за почит и не би требало да се применува ни под никакви прилики. Ако ова го правите тогаш тоа е сосема погрешно и би требало да прекинете.

Time out

Лутење, муртење, без да се прозбори, затворање во друга соба додека помине лутината  некое време како алтернатива за да се избегне физичко казнување, е исто така казна која е сурова на суптилен начин и означува емотивна изолација или отфрлање на емотивна поврзаност и не е начин со респект  кон детето.

Послушност

Целта на родителство со почит не е послушност. Децата можат да ви „вратат“- „презборнат“ и не мора тоа да е шокантно и погрешно. Не би сакале требало да воспитувате послушни војници кои ќе прифаќаат се што ќе им речете. Целта на позитивните родители е да израснат , воспитаат личност која ќе застане зад своите шостапки и за сев=бе и ќе го каже своето мислење за одредени работи. Тие би скакале да израснат личности кои ќе имаат самодоверба и инстиктивно мотивирани да направат добри избори и донесуваат правилни одлуки за себе, а тоа ќе ги направат понатаму во животот ако се подржуваат го практикуваат ова однесување во семејството.

Позитивното родителство или со почит не е уште една техника за да извлечете од детето што би сакале како родител, и некои мсетаат дека течко ќе функционира. Тоа е почитување нја слободата и автономијата која тие ја заслужуваат.