Press "Enter" to skip to content

Во Битола врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер

Денес, вторник, 2 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер. Во попладневните часови врнежите постепено ќе престануваат. Температурата во Битола до 15 степени.

Утре, среда, 3 ноември, во Битола времето ќе биде наутро со можна појава на магла, а преку денот ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 18 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »