Press "Enter" to skip to content

Куп-дерби во Битола, помеѓу Пелистер кој се бори за опстанок и Вардар кој е второлигаш

Пелистер ќе биде домаќин на екипата на Вардар, под Тумбекафе во Битола, одлучи ждрепката за четвртфиналните парови во Купот, која се одржа денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија. Натпреварот е закажан за 24 ноември со почеток од 13:30 часот.

Овој натпревар помеѓу вечните ривали на мак-фудбалот е најинтересниот натпревар во рамките на Купот, иако двете екипи го немаат поранешниот квалитет, а сигурно ќе биде мотив повеќе за двете екипи, за борба за полуфиналето од Купот. Екипата на Пелистер е тешка резултатска криза и сега е без тренер, а екипата на Вардар се натпреварува во Втората лига.

Четвртфинални парови во Купот на Македонија:

Пелистер – Вардар

Силекс – Брегалница Штип

Шкендија – Струга Трим Љум

Македонија Ѓорче Петров – Шкупи

 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »