Press "Enter" to skip to content

На градското јуниорско првенство со воздушна пушка најдобри Давид Соколовски и Теодора Христова (фотогалерија)

Во организација на стрелачкиот клуб Пелистер од Битола денес се одржа градско првенство во стрелање со воздушна пушка, на кое учествуваа околу 60-тина ученици од основните училишта од Битола, во машка и женска конкуренција.Првенството за отворено го прогласи претседателот на стрелачкиот клуб Пелистер, Сашо Стојановски кој рече:-Посебно ми  е мило што еве по 30 години ја продолжуваме оваа битолска традиција, а денес имаме голем број на млади стрелци, околу 60-тина од сите училишта од Битола. Иако оваа година не успеавме да бидеме дел од празнувањата за денот на ослободувањето на нашиот град се надевам дека веќе идната година ќе бидеме, а со тоа овој натпревар ќе биде како и порано традиционален. Им посакувам на натпреварувачи пред се безбедно натпреварување. Сакам да нагласам дека оваа прва година имаме поддршка од Сојузот на училишен спорт од Битола и секако Сојузот на спортови на Битола, а во иднина ќе имаме и друга натпревари кои заедно ќе ги одржуваме.Димче Миновски, престедател на Сојузот на спортови од Битола рече:-Сојузот е секогаш отворен за секоја соработка со клубовите кои се наши членки, а посебно ме радува тоа тоа еве се возобновува едно угасени градско првенство, а мене како долгогодишен спортски новинар и спортски работник посебни ме радуваат градските првенства бидејќи тие се базата за регирутирање на спортисти во сите спортови. И Михајло Трампевски, претседател на Сојузот на училишен спорт од Битола вели дека секое вакво организирање на спортски настани каде се вклучени млади спортисти од основните и средните училишта ќе биде поддржано од нив.Победник во поединечна конкуренција во категорија воздушна пушка – јуниори е Давид Соколовски со погодени 72 кругови, второпласиран е Вања Арсиќ со 71 круг, а на трето место е Андреј  Велјановски 61 погоден круг.Во категорија воздушна пушка јуниорки, победничка е Теодора Христова со 61 погоден круг, второпласирана е Милица Кочовска со 56 кругови, а на трето место е Лела Стојановска со 52.Во екипна конкуренција во јуниори победник е ОУ “Тодор Ангелевски“ со 159 погодени кругови, втори се стрелеците од ОУ “Св. Климент Охридски“, а на трето место од ОУ “Коле Канински“.Во женска екипна конкутенција најдобри се стрелците од ОУ “Тодор Ангелевски“ со 103 погодени круга, второпласирани се од ОУ “Коле Канински“, а на трето место од ОУ “Д-р Трифун Пановски“.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »