Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: нападнат малолетник, пожар на “Прилепска“, каснување од куче скитник, сообраќајни контроли

На 01.11.2021 во СВР Битола, Н.В. (42) од Битола пријавил дека во двор на основно училиште во Битола неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 01.11.2021 во СВР Битола било пријавено дека во станбена зграда на ул. „Прилепска” во Битола настанал пожар на електричен ормар со електрични броила, кој се наоѓа на приземјето. Притоа, целосно изгорела таблата со осигурувачи над електричните броила. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увид извршила екипа на СВР Битола.

На 01.11.2021 во СВР Битола, М.М од Битола пријавил дека на ул.„Јорго Костовски” во  Битола неговата 88-годишна мајка била касната од куче скитник. 

На 01.11.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 13 мерки и тоа 8  за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 5 против возачи кои ја пречекориле максималната дозволена брзина надвор од населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

 

More from ВестиMore posts in Вести »