Press "Enter" to skip to content

Сите раководители на Битола од 1944: Тони Коњановски ќе биде 5. по ред градоначалник на Битола, а 27. раководител на градот од ослободувањето

Тони Коњановски кога и официјално ќе ја преземе градоначалнилката функција ќе биде 5, по ред градоначалник на Битола со таа функција, а од ослободувањето на Битола до денес ќе биде 27. по ред, прв човек на Битола, кој раководел на градот.Прво сме имале Претседател на Градскиот народно-ослободителен одбор – Битола во 1944 година, а бил Крсте Р. Симовски.До сега на функцијата градоначалник на Битола имало 4 градоначалници, а Коњановски ќе биде 5. по ред избран. Прв бил Силјан Мицевски од 17 декември 1996 година до 22 октомври 2000 година. 

По него Златко Вршковски, градоначалник на Битола од 23 октомври 2000 година до 10 април 2005 година.

Владимир Талески од 6 април 2005 година до 24 октомври 2017 година.

Наташа Петровска, градоначалник на Битола од 25 октомври 2017 до ноември 2021 година.Од осамостојувањето на Македонија од 1991 година прв  Претседател на Собранието на општина Битола бил Златко Милошевски, од 30 јанури 1991 до 17 мај 1994.

Потоа следува колективно претседателство, составено од Спиро Филиповски и Михаило Горгиевски, од 18 мај 1994 до 16 јули 1995.

Дејан Ристевски, бил претседател на временото собрание на Општина Битола од 18 јули 1995 до 16 декември 1996.Функцијата прв човек на Битола по ослободувањето на Битола во 1944 година носела титула: Претседател на Градскиот народно-ослободителен одбор – Битола, а ја извршувал Крсте Р. Симовски, кој во тоа време професор, а должноста стапил на 4 ноември 1944 година, се до 19 февруари 1945 година, потоа следувале.

Филип Михалиди, Претседател на Градскиот народно-ослободителен одбор – Битола, од 24 февруари 1945 до 24 април 1945.

Ристо Манев, Претседател на Градскиот народно-ослободителен одбор – Битола од 24 април 1945 до 12 август 1945.

Лазо Хаџипоповски, Претседател на Градскиот народно-ослободителен одбор – Битола, од 13 август 1945 до 10 јануари 1946

Димитар Грданов, Градскиот народно-ослободителен одбор – Битола, од 11 јануари 1946 до 14 април 1947.

Томе Димитровски – Ќосот, Претседател на Народниот одбор на градската општина – Битола, од 15 април 1947 до 21 ноември 1948.

Јанку Влаху, Претседател на Народниот одбор на градската општина – Битола, од 22 ноември 1948 до 23 април 1952.

Борис Трајковски-Лале, Претседател на Народниот одбор на градската општина – Битола, од 24 април 1952 до 24 декември 1952.

Мишко Божиновски, Претседател на Народниот одбор на градската општина – Битола, од 25 декември 1952 до 12 септември 1954.

Ѓорѓи Ѓорѓиев -Ѓуц, Претседател на Народниот одбор на градската општина – Битола, од 13 септември 1954 до 18 ноември 1956.

Јорго В. Ристевски, Претседател на Народниот одбор на градската општина – Битола, од 18 ноември 1956 до 30 декември 1959.

Драган Захариевски, Претседател на Народниот одбор на градската општина – Битола од 21 декември 1959 до 26 ноември 1962.

Никола Бакулевски, Претседател на Народниот одбор на градската општина – Битола, од 27 ноември 1962 до 23 мај 1967, Мито Пејовски, Претседател на Собранието на градската општина – Битол, од 24 мај 1967 до 17 април 1974. Извршен совет-претседател Јаким Ивановски.

Павле Георгиевски, Претседател на Собранието на градската општина – Битола, од 18 април 1974 до 12 април 1982. Извршен совет-претседател Стево Бојаџиев.

Владимир Георгиев, Претседател на Собранието на општина-Битола, од 13 април 1982 до 12 април 1984. Извршен совет – претседател Ѓорѓи Михајловски.

Борис Андоновски, Претседател на Собранието на општина-Битола, од 13 април 1982 до 13 април 1986. Извршен совет – претседател Ѓорѓи Михајловски.

Александар Талевски, Претседател на Собранието на општина-Битола, од 14 април 1986 до 13 април 1988. Извршен совет – претседател Јулијана Атанасова.

Јован Аврамовски, Претседател на Собранието на општина-Битола, од 14 април 1988 до 30 јануари 1991. Извршен совет – претседател Трајче Дојчиноввски.

Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »