Press "Enter" to skip to content

Во Битола 39 нови позитивни на ковид-19, оздравени 8, активни 311 случаи

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 3.594 тестирања, а регистрирани се 568 нови случаи на Ковид-19, од кои од Битола се 39.

Регистрирани сe 293 оздравени пациенти, и тоа од Битола се 8.

Дос ега во Битола има 7.543 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 311 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица, нема од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола  87 и преку “Плодност“  45 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.393.963 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 203.866, бројот на оздравени пациенти е 189.557, на починати е 7.178, а бројот на активни случаи изнесува 7.131.