Press "Enter" to skip to content

Излезе од печат списанието “Современи дијалози“ на Македонско научно друштво Битола

Излезе од печат деветтиот број на Списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ за 2021 година кое го издава Македонското научно друштво – Битола со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија. Списанието го уредува редакција во состав: проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска (главен уредник), Весна Мундишевска Велјановска, проф. д-р Силвана Нешковска и Елизабета Јончиќ во соработка со меѓународен уредувачки одбор: проф. д-р Звонко Танески (Словачка), Раед Анис Ал-Јиши (Саудиска Арабија), м-р Жарко Милениќ (Русија и Босна и Херцеговина), проф. д-р Тземин Итион Тсаи (Тајван, Република Кина), проф. д-р Том Филипс (Велика Британија), Искра Пенева (Србија), проф. д-р Су Џен Лин (Тајван, Република Кина) и проф. д-р Михо Нонака (Јапонија-САД). Сликата за корицата е на универзитетскиот професор д-р Бурхан Ахмети, а автор на корицата е Весна Мундишевска-Велјановска. 

„Овој број е најобемното издание (305 стр. А4 формат) и е резултат на посветеноста, идејноста, упорноста и селективниот пристап на редакцијата на списанието која има меѓународен карактер. – рече доц. д-р Невена Груевска, претседател на Македонското научно друтво – Битола. 

„Од особено значење за нас како редакција и за квалитетот на списанието е успешната соработка со реномирани книжевници, научници и ликовни уметници од нашата земја, но и пошироко која од година во година станува похетерогена, поцврста и попродлабочена. Доказ за тоа е исполнетоста на стандардните рубрики на списанието со содржини кои имаат високи научни и естетски вредности.“ – рече главниот уредник на Списанието, проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска.

Застапени се вкупно 86 книжевници (подредени по азбучен редослед) и 6 наши познати ликовни уметници (проф. д-р Бурхан Ахмети, доц. д-р Верим Зендели, проф. д-р Башким Меџити, Љубица Мешкова Солак, Новица Трајковски и Симонида Филипова-Китановска). Во рубриката „Поезија“ се застапени поетите: Даниела Андоновска-Трајковска, Весна Ацевска, Томе Велков, Славица Гаџова Свидерска, Лидија Димковска, Никола Илијовски, Трајче Кацаров, Делвина Крлуку, Владимир Мартиновски, Весна Мундишевска-Велјановска, Петар Наневски, Кире Неделковски, Силвана Нешковска, Борче Панов, Христо Петрески, Милица Радевска, Раде Силјан, Гордана Стојаноска, Санде Стојчевски, Билјана Т. Димко и Радован П. Цветковски. Во рубриката „Проза“ објавени се следниве автори: Петре Димовски, Љубинка Донева, Владимир Костов, Никола Кочовски, Лилјана Пандева, Михајло Свидерски и Габриела Стојаноска-Станоеска. Зоран Пејковски е застапен со еден драмски текст, а Зора Русомарова со еден превод. Во рубриката „Прикази, осврти, критики,…“ со свои текстови се застапени авторите: Јованка Денкова, Христина Деспотовска, Златко Жоглев, Елизабета Јончиќ, Кристина Николовска, Мипел Павловски, Димитар Пандев, Игор Поп Трајков, Мирјана Стојановска, Звонко Таневски и Васил Тоциновски. Читателите ќе имаат можност подобро да се запознаат со Монгани Вали Сероте, добитник на „Златниот венец“ за 2012 година на Струшките вечери на поезијата преку интервјуто кој со него го водеше Диме Ратајкоски. Во рубриката „Паралели“, благодарение на 23 соработници – преведувачи на англиски и на македонски јазик, објавени се 40 реномирани странски автори од 26 земји и тоа од: Јордан, Сирија, Саудиска Арабија, Италија, Шпанија, САД, Виетнам, Словенија, Франција, Хрватска, Полска, Алжир, Нов Зеланд, Обединетите Арапски Емрати, Словачка, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Јапонија, Перу, Западен Бенгал, Индија, Романија, Ерменија, Русија и Кина. 

Освен како печатено издание, Списанието е достапно и во електронска верзија која може да се најде на вебстраницата на Македонското научно друштво – Битола (https://mnd-bitola.mk/tag/sovremeni-dijalozi/)

More from ВестиMore posts in Вести »