Претседателката на кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола, Мери Ковачевска си поднесе оставка од функцијата претседател на Одборот на директори.
Ковачевска во образложение на поднесената оставка има наведено дека оставката ја поднесува поради приватни и професионални обврски, поради кои не може да ги извршува функциите во прволигашот од Битола Пелистер. Таа побара од Одборот на директори да ги преземе потребните мерки за напуштање на функцијата.