Press "Enter" to skip to content

ФК Јени Маале во пет кола четири победи и едно реми за лидерство на табелата

Ако изминатата сезона поради разни причини екипата на фудбалскиот клуб Јени Маале од Битола, од истоимената населба, имаа одредени приблеми, оваа година тоа е минато и сега се една серизона екипа која има рекордни резултати. По пет одиграни кола не знаат за пораз, а имаат забележано само едно реми. За стартот на сезоната капитенот Никола Пискачев вели:

-Точно е имавме лоша сезона лани, но за наша среќа сега се е поинаку, кога ја играме 13. сезона по ред. Имаме одиграно 5 кола, по што имаме 4 победи и една нерешен резултат. Но, за нас најважно е тоа дека играме одлично и дека немаме примено ниту еден гол. Што се однесува пак до табелата ние сме на делба на првото место. Но, и покрај амбициите како и секогаш се скромни, кај нас пред се спортот да служи како алатка за дружење и се промовираат млади луѓе кои би се отргнале од пороците на новото време.И фудбалерите го делат мислењето на капитенот дека стартот е успешен и додаваат:

-Ние сме екипа која игра долго време заедно, но она што сите наши пријатели и “непријателите“ на фудбалскиот терен дека ние сме екипа која пред се го негува пријателството и дружењето. Мислам дека она што го имаме надвор од теренот, кохезијата, ја пренесуваме и на терен, а тоа ни донесе и успех на стартот на сезоната. Оваа сезона имавме и уште една причина, а со победа сакавме да му честитаме на капитенот Никола Пискачев раѓањето на неговиот син Војдан, вели Андреј Лозановски, кој во дресот на Јени Маале има одиграно повеќе од 200 натпревари.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »