Press "Enter" to skip to content

Градско дерби: Топ гол го победи Атлетико

Топ гол – Атлетико 1:0 (0:0)

Во рамките на 4. коло од првата фудбалска лига-жени во градското дерби девојките од Топ гол од Битола ја совлада екипата на Атлетико. На натпреварот кој се одигра на популарното ,,Ќумурно“ во Битола пред околу 200 гледачи, Топ гол со конечен резултат 1:0.

Топ гол ја забележа првата победа и прокнижи три бода на своето бодовно салдо.  Голот за домаќините го постигна Давчева во 85. минута.

-Упатувам честитки за остварената победа на моите фудбалерки, оваа е голема победа за нас и многу значајна зошто е над градскиот ривал. Имавме доминација за време на целиот натпревар, а голот го постигнавме од корнер во самиот финиш на натпреварот. Овој резултат е ветер во грб за нас и не мотивира уште повеќе да работиме, изјави Кире Грбевски шефот на стручниот штаб на Топ гол.

За Топ гол настапија Талевска, Јанчева, Мицевска, Стојчевска, Гоцевска, Љондевска, Димитривска Јовановска, Давчева, Стевановска и Трајчевска, уште играа Неделковска и Петревска.

Следното коло битолчанки гостуваат во Куманово против Речица.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »