Press "Enter" to skip to content

Петар Мирчевски ја доби наградата за животно дело 4. Ноември, за празникот на Битола (фотогалерија)

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска синоќа, во Офицерски дом на актерот Петар Мирчевски му ја врачи наградата за животно дело која традиционално се доделува на празникот на градот, 4. Ноември.Традиционалната свеченост, која се одржува по повод ослободувањето на Битола, се одржа во новиот, реконструиран импозантен објект, Офицерски дом во Битола кој по долго време вечерва ги отвори вратите на посетителите, а на свечноста присуствуваше и идниот градоначалник на Битола – Тони Коњановски, како и стотина битолчани.По прикажувањето на документарниот филм, за сите реализирани проекто во мандадот на Петровска од 2017 до 2021 година, на присутните им се обрати и градоначалничката на Битола, која се осврна на некои моменти додака ја извршуваше функцијата градоначалник, а тие моменти рече дека со себе носат радости, таги, непроспиени ноќи, трепети од возбуда на разбудени насмевки и грижа за непресушните потреби да се сработи повеќе, а постојано носеа чувство на одговорноста.-Битола сега е општина која дава финансиска поддршка на државни институции, особено во состојба на пандемија. Битола го привлече вниманието на дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните фондови, а битолчани од денес го имаат својот објект, Офицерскиот дом кој постојано ќе биде отворен. Ова е почеток на нови бројни настани, а првиот беше посветен на добитникот на наградата за животно дело, актерот Петар Мирчевски. Со овој настан се става печат на мојот мандат, бев посветена за овој објект и еве Офицерскиот дом го отворивме на празникот на градот, рече Петровска, честитајќи му ја наградата на Петар Мирчевски, а им се заблагодари на пријателите и соработниците, на семејство кое живееше со далеку помало внимание од неа, на сите оние кои препознаа дека и овде кај нас можат да се водат чесни политики, политики за граѓаните, а не за себеси.Наградата за животно дело ја доби Петар Мирчевски, кој на крајот на своето обраќање рече дека и се поклонувам на публиката, се поклонувам на битолчани.-Чест ми е што го добивам ова високо признание за животно дело. Горд сум што можев на својот мајчин македонски јазик да го промовирам мојот матичен театар, Народниот театар од Битола, мојот град Битола и мојата земја Македонија низ многу земји во светот, рече Мирчевски.Празникот на градот го честита и новоизбраниот градоначалник на Битола Тони Коњановски.Го честитам големиот празник 77 години од ослободувањето на Битола, посакувам поубава и посреќна Битола, да биде еден убав дом за сите нас. Да ја вратиме насмевката и довербата меѓу луѓето, рече градоначалникот Тони Коњановски, кој му ја честита наградата и на Петар Мирчевски.Празничната програма по повод 4 Ноември Денот на ослободувањето на Битола продолжува денеска претпладне со полагање цвеќе на партизанските гробишта и средба на градоначалничката Петровска со претставници на Сојузот на борците од тој град.

More from ВестиMore posts in Вести »