Press "Enter" to skip to content

“Поинаку“ за Денот на ослободувањето, Битола се сака секоја година, секој ден, секоја минута

По повод Денот на ослободувањето на Битола, од независната советничка листа “Поинаку“ велат дека Битола се сака секоја година, секој ден, секоја минута и додаваат:

-Од Пелистер до Хераклеа, од Смолево до Германски, низ Широк Сокак и Старата чаршија, низ сите населби и по секое сокаче – Битола диши инспирација за љубов и убавина, инспирација за борба и слобода, ослободување како пред 77 години. Денес те празнуваме тебе наша Битола, денес ти се поклонуваме за сите убавини, за силата и трпението.

Битолчани заслужуваат и ќе имаат ПОИНАКВА Битола, Битола каква што доликува, градска, конзулска, вистинска. Затоа што вистинските битолчани го сакаат градот секоја година, секој ден, секоја минута. 

Битола те сакаме! 

More from ВестиMore posts in Вести »