Press "Enter" to skip to content

Со полагање на цвеќе на споменикот на револуцијата одбележан 4. Ноември (фото)

Празнување на 77. роденден на Битола, на 4. Ноември, денот на ослободувањето на Битола денес продолжија со  положување на цвеќе пред споменикот на Револуцијата пред Центарот за култура во Битола.Цвеќе положи градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која им го честита денот на ослободување на битолчани.Цвеќе положи и новиот градоначалник на Битола, Тони Коњановски, кој беше заедно со пратеничката Олга Лозановски и советникот Пеце Милевски.Во име на Сојузот на борци на Битола делегација предводена од претседателот Александар Трајковски кој потсети на последните денови на окупацијата на Битола, на заминувањето на германците, и почнувањето на една нова ера на слободарска Битола.Цвеќе положија и делегации на дел од збратимените градови, Општинската организација на СДСМ од Битола и на огранокот на Левица во Битола, а со денот на ослободувањето на Битола се започнаа и најмалите битолчанчиња кои положија цвеќе на споменикот.

More from ВестиMore posts in Вести »