Press "Enter" to skip to content

Традиционална 63 ноќна атлетска трка во Битола, по Широк Сокак (фотогалерија)

Синоќа, во предвечерието на Денот на ослободувањето на Битола, 4-ти Ноември, во организација на Сојузот на спортови од Битола и општина Битола вечерва се одржа традиционалната, 63. по ред, ноќна атлетска трка, на која учество зедоа повеќе од 500 млади битолчани.Учесниците и публиката ги поздрави иднинот градоначалник на Битола, Тони Коњановски, која нагласи дека се радува дека околу 500 млади од Битола го покажаа спортскиот дух и да ја продолжат традицијата која трае без прекин која трае 63 години година и продолжува.-Вечерва се присетив на некои моменти кога бев млад и кога имат трчано на оваа ноќна трка, како сега го прават тоа овие млади луѓе. Општина Битола и во идина ќе продолжи со помагање на оваа манифестации каде има масовен спорт, рече Коњановски, кој на дел од најмладите победници, им додели дипломи и медали.-Ова е 63 трка по ред, а вечерва настапија ученици од основните и средните училишта и граѓани. Ова спортска манифестација која трае најдолго во Битола, веќе 63 година, а  ако помножиме по колку битолчани учествувале секоја година ќе дојдеме до импозантни бројки. Екипните победници кои ќе го дознаеме по сумирањето на поединечните резултати ќе ги добијат наградите на изборот на спортист на Битола за 2019 година, а поединците вечерва ги добија медалите и дипломите кои ќе им бидат убав спомен, рече претседателот на Сојузот на спортови, Димче Миновски.Покрај екипните пласмани, сите поединечни победници, второпласираните и третопласиранире добија медали и дипломи, за постигнатите резултати, но и како спомен на оваа трка во 2021 година.

На победниците победите им ги честитаа и им доделија медали и дел од членовите на Советот, членови на Управниот одбор на Сојузот на спортови, професори по физичко образование и други истакнати спортисти и спортски работници од Битола.Покрај младите оваа година на крајот се одржа и трката на граѓаните, а се трчање по Широк Сокак, а стартот беше на повеќе места во зависност од возраста на натпреварувачите. Се помина одлично, без падови или повреди, а тоа кога има голем број на натпреварувачи е најважо, рече Михајло Трампевски, претседател на Сојузот за училишен спорт од Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »