Press "Enter" to skip to content

Јавна дискусија на МКЦ Битола, се зголемува интересот на младите за свој бизнис

По повод празнувањата на Денот на ослободувањето на Битола, МКЦ Битола по 11. пат се приклучи со одбележување на Европската недела на мали и средни претпријатија 2021 низ  Европа. МКЦ организира во хотел Милениум“ јавна дискусија насловена “Можности за поддршка и развој на бизниси“, тема актуелна за поттикнување не само за младите туку и за сите потенцијални претприемачи.

Директорот на МКЦ Битола, Сашо Додовски, вели дека сопствениот развој носи многу просперитет не само за нив лично, туку и за пошироката заедница, за младите да останат во своите родни места, а времето покажува најдобро можеш да се снајдеш во сопствената средина. Парите за започнување на сопствен бизнис не се пресудни, битна е идејата, битен е менаџерскиот дух, битна е визијата, битна е храброста и битна е трпеливоста.-Не секој новоотворен бизнис е успешен, на Запад од 10 новоотворени бизниис, 3 се успешни. Никогаш не значи дека првата идеја е онаа вистинската, можеби нема со  првиот обид ќе се реализира успешен бизнис, додаде  Додовски.

На јавната распарава зборуваше и сопственичка на ИТ компанијата “Јавен Адвертајзинг“, Ана Ристевска.

-Постоиме на пазарот 4 години и како ИТ компанија потполно ги искористивме можностите за развој. Целта ни е на овој настан да дадеме совет, на кој начин можат да се прошират новонастанатите бизниси, но и на кој начин можат да се искористат повиците, кои се нудат преку различни грантови, за полесно да се влезе на пазарот и да се успее. Можностите има огласи, конкурси, веб страници, а младите немаат навика да пребаруваат, затоа преку разни обуки, семинари, јавни настани им ги покажаме насоките, што е најзначајно на пазарот, што сакаат клиентите.Сопственичка на заботехничката лабораторија  “Лаб Про Дентал“, Билјана Врцал Ванчевска ги кажа предизвиците при отворањето бизнис, а ги имала и таа и рече.

-Битно во животот е да знаете од каде тргнувате и каде сакате да стигнете. Знаеме да се уплашиме од превисоките цели, но мора да си ги поставувате. Секогаш треба верба во себе и  дисциплината во извршувањето на активностите. Јас сум пример дека и од Битола се може.

More from ВестиMore posts in Вести »