По повод 4. Ноември денот на ослободувањето на Битола синоќа беше свечено отворен Офицерскиот дом во Битола.
Денес беше отворен ден за битолчани да ја видат убавината на старата реконструирана зграда.Ученици од битолските основните и средни училишта предводени од своите професори и ментори имаа прилика да ја видат внатрешноста на објектот, а на најголем дел од нив ова им беше прво влегување и запознавање со Офицерскиот дом.
Во текот на целиот ден ученици од музичкото училиште изведуваа музичка програма.
Д.Ристевска