Press "Enter" to skip to content

Изложба на делата на Панде Манојлов во библиотеката во Битола (фотогалерија)

Во рамките на одбележувањето на 4. Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, беше презентирана изложбата на делата на Панде Манојлов, битолскиот поет, раскажувач и новинар, по иницијатива на Љупчо Василевски и м-р Добре Тодоровски.Настанот се одржа во НУУБ „ Св.Климент Охридски“ – Битола, беше присутно семејството на Панде Манојлов, негови пријатели, колеги, битолските поети…, а беа рецитирани и песни во негова чест, од страна на Силвана Петрова Насух.Освен делата, беа изложени и признанијата кои тој ги доби не само во Македонија, туку и низ светот, беше прочитано и писмото, обраќањето од Раде Силјан. Изложбата беше организирана по иницијатива на Љупчо Василевски и м-р Добре Тодоровски.Присутните ги поздрави директорот на библиотеката, Бојан Стефановски, кој го назначи придонесот на Манојлов за промоција на Битола низ неговите стихови и тоа деака сите негови дела се на полиците на библиотеката во Битола.За неговото творештво, биографијата, за неговите корени, за неговите оставени траги во битолската литература, поезија, химорески, зборуваше Љупчо Василевски, кој нагласи дека има уште една необјавена книга, која ќе биде објавена наскоро.-Панде Манојлов ја напиша песната за Палестина во далечната 1982 година во весникот “Нова Македонија“ импресиониран од страдањата на палестинскиот народ при трагичните масакри во бегалските логори Сабра и Шатила, како негово длабоко сочувствувал со Палестинците бидејќи и неговите предци биле од Егејска Македонија, па морале да ги напуштат родното огниште и да се преселат во битолското село Породин, а потоа и во Австралија,  каде што беше роден и тој, рече Добре Тодоровски, кој под многу емоции зборуваше за нивното пријателство, за печалбарските маки на нивните деца, за неостварените промоции кои заедно ги подготвувале.Панде Манојлов по заминувањето во пензија активно се посветил на пишување на поезија, а имал издадено триесетина печатени изданија. Пишувал на многу теми, како и за децата, а неговите дела се преведувани на неколку јазици. Носител на голем број на награди и признанија. Една од неговите најпознати песни е песната посветена на Палестина. Така во 2017 тата во Скопје му беше врачено големо признание од страна на амбасадорот на Палестина.За збирката поезија „Јужни реки“ ја доби наградата на ДПМ за поезија „Ацо Шопов“ за 2019 година. Последна во низата објавени книги му беше Егзотичен ветер. Меѓу останатите се и поетските збирки: „Црвен немир во црвено пламти“, „Соѕвездие на болот“ , „Песни за Тито“, „Огнена земја“, „Блажевина“, „За Битола, вековите и љубовта“, „Македонски поетски молк“ и други.Пишувал и поезија за деца, раскази за деца и возрасни, хумористично-сатирични дела и театарски критики: „Талија на битолската сцена“ (2003). Автор е и на книгата сведоштва „До Учителот – низ сито и решето“ (2015).За својата поезија знаеше да каже “Јас не пишувам песни,не пишувам раскази, ниту романи. Тие ме пишуваат мене“.Една од песните посветени на нашиот град беше и Битола моја. Во 2016 тата беше примен како почесен член на друштвото на писателите на Калифорнија. Неговата прва стихозбирка Црвен немир во црвено пламти излезе од печат во 1971 та година.Бил член на друштвото на писателите на Македонија, член на независните писатели на Бугарија и на асоцијацијата на писатели од Калифорнија.Манојлов почина на 7 ноември 2020 година, на 72 годишна возраст во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »