Вчера, во текот на целиот ден, на денот на празникот на градот Битола, “4-ти Ноември”, Офицерскиот дом беше отворен за сите граѓани кои сакаа да го посетат и да ја видат неговата преродба, а ги имаше многу кои дојдоа, го разгледаа, повозрасните ги вратија спомените кои ги имаат од тами пред 4-5-6 децении, а помладите го видоа и секако направија илјадници фотографии.Во текот на целиот ден вчера, сите битолчани ги пречекаа и почестија до музика, на музичкиот маратон, кој го одржаа учениците од Државното музичко училиште од Битола.
-Ова е голем настан за сите битолчани, бидејќи повторно ја имаме убавината на офицерски во Битола, а посебно чест за нас за моите колеги и за нашите ученици што имавме музички маратон на кој тие настапија. Се надевам дека нашите ученици ќе имаат во иднина голем број на врвни концерти кои ќе ги имаат како врвни музичари токму во оваа концертна сала, а ние ќе се гордееме со нив, рече професорката Маја Митровска.
Учениците го оплеменија просторот со звуците на класичната музика, а настапија ученици од основно и средно образование, застапени беа инструменталистите од сите класи на училиштето. Музичкиот маратон траеше од 10 до 15 и од 17 до 20 часот.

Младите музичари од Музичкото училиште ги пречекаа битолчани на отворениот ден во Офицерски (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Фото вест: две кошаркарски легенди кои ги “личи“ да бидат “на кошарка“
- 42 санкции за прекршоци што ги прават пешаците на територија на СВР Битола
- Пелистер го победи Еуро Никел во Битола и го направи првиот чекор кон финалето (фотогалерија)
- Регионалната комора од Битола организира средба во Стење на претставници од Лерин, Пела, Аминдео и Преспа на градовите и коморите
- Жарко Пешевски нов кружен напаѓач на Еурофарм Пелистер, во Битола останува три години
More from КултураMore posts in Култура »
- Промовирана книгата “ОбојОбојОбој“ на Јордан Николов
- Софија Ристевска дел од феминистички стенд-ап
- Отворена изложбата “Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“
- Гимназијата “Јосип Броз Тито“- Битола со низа активности го одбележа својот патронен празник (фотогалерија)
- Тактилните изложби „Допирот на уметноста“ на НУ Завод и музеј Битола, претставени во Хрватска и Словенија