Press "Enter" to skip to content

“Ноќ на тајните“ – волшебна ноќ во библиотеката во Битола (фото)

Вчера во НУУБ “Св. Климент Охридски“ во Битола, си имаме волшебна “Ноќ на танјите“ заедно со “Книга на тајните“ и “Магични стапчиња и шарени лижавчиња“ и се започнавме со игра од областа на личниот и социјалниот развој од “Книга на тајните“, а продолживме со читање бајка со примена на метод на клучни зборови. Дечињата открија и како се раѓаат приказните, а потоа креираа приказни според сон, со понудени наслови и со играчки ставени во кутии.Решававме лавиринти, баравме скриени предмети, украсувавме лампиони со илустрации од бајката со двата неумни снешковци и креиравме ликови со цртање на прстиња.Патувавме и назад низ историјата и дознавме кој го измисли првиот Снешко. Ноќната авантура заврши со прошетка до музејската поставка на библиотеката. Децата уживаа во прекрасната ноќ благодарение на наставничката Весела Богдановиќ.
Волшебната моќ беше во рамки на проектот на стратешкото партнерство „Sasas Jekhvar Jekh – Once upon a time… и одбележување на Меѓународниот ден на ромскиoт јазик. Проектот е финансиран од програмата Еразмус плус.
Честитки до сите наши граѓани Роми по повод Меѓународниот ден на ромскиoт јазик. Bahtalo e Sumnaleskoro dive bashi romani chib. Happy International Roma Language Day.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »