Press "Enter" to skip to content

Пелистер продолжува со победи 6 од 6, победен Куманово во Битола (фотогалерија)

Пелистер – Куманово 97:71

Екипата на Пелистер со вечерашната победа во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“ останува лидер на табелата, со победничка серија од 6 победи во 6 кола, а со тоа останува единствена екипа во Првата лига со максимален учинок кога се во прашање победите.Ако првото полувреме делуваше доста изедначено и покрај фактот што кумановци во Битола допатуваа само со 9 кошаркари, без тројца битни играчи Зивчевиќ, Каплановиќ и Николиќ, се беше поинаку во продолжението.По релативно израмнетото прво полувреме во кое под обрачите домаќинот беше доминантен и токму благодарение на поените од рекетот и скоковите, на крајот од првиот квартал резултатот гласеше 25:18. Вториот период битолчани водени од Кесар дојдоа до +11, но одговорија Холмс и Настовски и на крајот од втората четвртина резултатот гласеше 45-41.  Пелистер имаше игра и водство од 45:41.“Пелистерци“ дојдоа до победата во третата четвртина. Цврстата одбрана на битолчани и лесните поени од транзиција ги решија дилемите. Одлични десет минути во кои домашната екипа направи 27:9 за високи, убедливи, недостижни 72:50.Последната четвртина започна со серија 5-0 и кумановчани се предадоа. Двајцата тренери им дадоа шанса на кошаркарите кои играат помалку и на крајот битолчани се радуваа со убедливи 97-71.Дури седум кошаркари на Пелистер имаа двоен број на поени, најмногу 22, даде Кесар, Ѓуроски 16, Трајковки, Малешевиќ имаа по 12, додека по десет поени запишаа уште и Младеновски, Караџовски и Стајиќ.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »