Press "Enter" to skip to content

Ракометарките на Феникс АМС подготвени за натпреварот против Чаир (фото)

Иако по првата половина на полусезоната пропуштија многу шанси за освојување на бодови, од таборот на новиот член на женската елита, Феникс АМС од Битола не очајуваат, бидејчи како истакнуваат од клубот од Битола, задоволни се од она што го прикажа оваа млада екипа на теренот, но жалат по уште некој бод.

Паузата ракометарките ја искористија за нови напорни тренинзи, кака подготовк за дуелот со Чаир во Скопје овој викенд и потајно се надеваат на изненадување. На прес-конференција впечатоците од сезоната ги пренесе Ана Марија Талева.-Искрено, многу сум задоволна од првиот наш настап во Женската лига. Мислам дека одлично одигравме и досега, но во иднина ќе бидеме уште подобри. Отсекогаш сум била задоволна од тимскиот дух, заедништвото, забавата во екипата. Искрено мислам дека според првиот натпревар против ЖРК Чаир, сега имаме подобра претстава на противникот и можеме подобро да се подготвиме, вели Ана Марија, која постигна шест гола во претходниот натпревар против Куманово.

И Даниела Шиниковска го дели мислењето дека се задоволни од нивниот прв настап во Супер лигата и додава:-Одигравме добро во првите седум кола, со оглед на тоа што сме дебитанти. Верувам дека идните сезони ќе бидеме само подобри. Подготвени сме за Чаир, ги знаеме нивните добри и лоши страни и очекувам подобар натпревар од претходниот. Искрено, многу сум задоволна од првиот наш настап во Женската лига. Мислам дека одлично одигравме и досега, но во иднина ќе бидеме уште подобри. Отсекогаш сум била задоволна од тимскиот дух, заедништвото, забавата во екипата. Искрено мислам дека според првиот натпревар против ЖРК Чаир, сега имаме подобра претстава на противникот и можеме подобро да се подготвиме.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »