Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: битолчанка измамена, дала злато за растурање магија, татко нападнал ќерка, пријава за превод на возило, сообраќајни контроли

На 04.11.2021 во СВР Битола, 51-годишна жена од  Битола пријавила дека била измамена од едно женско лице, кое ја довело во заблуда дека може да и растури магија доколку добие од неа златен накит кој подоцна ќе и го врати. Според пријавеното, пријавителката и дала три парчиња златен накит, по што лицето заминало и не се вратило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 04.11.2021 во СВР Битола, М.А. (31) од Битола пријавил дека бил измамен од лице Битола. Според пријавеното, во јуни 2021 година тој лицето од Велес купил патничко моторно возило, а поради тоа што ја заборавил личната карта го замолил да направат договор на негово име и кога ќе се вратат во Битола да го префрлат на име на М.А.. Како што е пријавено, до моментот на пријавување лицето одбивало да го пренесе возилото на име на пријавителот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 04.11.2021 во СВР Битола, 36-годишна жена од Битола пријавала дека нејзиниот сопруг  физички ја нападнал нивната малолетна ќерка и и нанел повреди со остар предмет. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. 

На 04.11.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 23 мерки и тоа 16 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 7 за пречекорување на максималната дозволена брзина надвор од населено место. Откриени се и 6 други видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »