Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: со “пежо“ тешко повреден 77 годишен велосипедист на “Васко Карангелевски“

На 05.11.2021 во 10.20 часот било пријавено дека во Битола, на ул. ,,Генерал Васко Карангелевски“, патничко возило „пежо 306“, со прилепски регистарски ознаки,  управувано од 21 годишник од битолско Горно Оризари, удрило во велосипед управуван од 77 годишник од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Битола.