Press "Enter" to skip to content

Во Битола умерено облачно и релативно топло до 20 степени

Денес, сабота, 6 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде умерено до значително облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 20 степени.

Утре, недела, 7 ноември, во Битола ќе има можност за појава на магла и значителна ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 17 степени.