Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: Ехинококна циста

Низ  разговори со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“, информираме за кои прегледи и испитувања може да ги направите со најсовремени апарати од медицината. Со овие информации добиваме и стручни совети  за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање, за кои постои голема заинтересираност кај читателите, а овој пат д-р Чипуровски ќе се осврне за Ехинококна циста, за што вели:-Ехинококова циста настанува кај човек  како последица на инфекција од контакт или конзумација на храна, вода контаминирана од јајца на  паразитот echinoccоcus granulosus -кучешка тенија кој живее во кучињата, волци, мачки како домаќини. Клинички можи да е асимптоматски или со појава на стомачни болки, компресија на жолчни патишта со појава на жолтица -иктерус па се до руптура на циста во крвен сад со дисеминација и појава на анафилактичен шок.

Дијагностички значаен е ултразвукот ехото  на абдоминалните органи пред се црниот дроб каде постојат 4 стадиуми итоа симплекс хипоехогена циста, втор стадиум циста со повеќе внатрешни ќерки цисти, трет стадиум на калцификација со хиперехогеност внатрешна поточно мртва циста или инактивирана и четврти стадиум на компликации со руптура абсцеси итн.

Ехинококовата циста е најзастапена во 75% во црниот дроб, 15%, во бели дробови, 5% слезинка,  1%, мозок, бубрег итн. Лекувањето е најчесто со хирушка лапараскопска или класична интервенција, со перкутана аспирација, примена на албендазол.

ПЗУ “Д-р Чипуровски“се наоѓа на улица “Игњат Атанасовски“ б.б. во комплексот “Веро“ во Нова Битола.