Долго време наназад се пишува и објавуваат фотографии за тоа како Битола е валкана, губре ваму-губре таму, искршено ваму-искршено таму, нема клупи, нема сијалици, автомобили во трева, а ретко се наоѓа нешто за пофалба. Но, на Широк Сокак во Битола се случи нешто кое сите го пофалија, а примерот да го следат сите еснафи дуќанџии по најпосетената улица.
Имено, вработените во бутикот “Какаду“ и од оприката до неа “Аура“ со вода и детергент ги “изрибаа“ гранитните плочки пре нивните дуќани на Широк Сокак. Пример кој секој треба да го следи, не е којзнае што, можеби и некој друг го прави тоа, но само така ќе бидеме она што сакаме да биде Широк Сокак, најградска улица.