Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: како до подобро воспитание и образование на своите деца

Сите оние кои се родители и кои ќе бидат, се соочуваат со предизвикот на воспитување на своите деца особено денес  во современиот свет кога децата растат и ги развиваат своите интелектуални способности во услови на современа технологија – мобилни телефони, компјутери,  интернет и социјалните мрежи. Во следниот текст низ низа прашања ќе се обидеме да им дадеме одговори и препораки на сите оние родители кои сакаат добро воспитание на своите деца. Ќе почнеме со една филозофска мудрост од еден филозоф кога го запрашале  „Како да ги воспитаме своите деца? Тој им одговорил: „Воспитајте се прво себеси“. А како да го образуваме? Тој им одговорил образувајте се прво себеси.Тука ќе го најдете одговорот на тоа какво образование да им дадете.

Д-р Светомир Бојанин -Професор по социјална психијатрија и психотерапеут при Институтот за ментално здравје во Белград истакнува дека основата на конфликтите кои настануваат помеѓу родителите и децата е  кога родителот сака да ја промени природата и структурата на личноста на детето посакувајќи да биде како што тој би сакал да биде. Заради тоа ќе се обидеме да одговориме на прашањето:

 Каква треба да биде подготовката на идните родители?

Денес се бараат научни модели на однесување, што е невозможно. Научни модели на однесување нема, ни научно воспитување нема. За мајката родител воопшто важно е да знае нешто повеќе за себеси за својот карактер (природа).  „Заради тоа мајката мора да го разбере своето дете.“ Проблемот -„ Како да се разбереме“ е тоа како мајката да работи на себе и да се воспостави добра и правилна комуникација со своето дете.Како да воспоставиме правилна комуникација со своето дете?

Кога пораснавме и сами станавме родители сликата на животот добива сосем друга димензија. Ние сме на местото од нашите родители пред некоја деценија и воглавном дури сега ги разбираме своите родители и обично многу често се однесуваме исто како нив во воспитувањето илиу завземаме сосема спротивен став или т.н. Стил на родителство. Пр. Ако сме имале авторитарен родител ние одиме во другата крајност на попоустлив родителски стил И тоа е во ред, бидејќи така сме научиле и родителите  така правеле и ние сметаме дека  имаме најдобри намери. Но сепак постои начин да некои работи за кои мислиме дека можат подобро да функионираат, да се променат. Бидејќи сите ќе се сложиме дека и времињата се промениле. Еден од нив е и комуникацијата односно начинот на кој разговараме со своето дете. Таа може да биде многу мотивирачка така да со примена на одредени вербални и невербални алатки го направиме за размислување, на активност како и да му ги направиме обврските и задачите поинтересни. Еден обичен пример  Децата треба уште од мали нозе да се учат да играат „Не љути се човече“ за да се можат да прифатат победа или пораз. При тоа не треба да им се поушта заради тоа што се „мали“.Секој родител тука различно постапува и нуди друг модел на однесување.

Што е воспитание?

Дали постјат толку модели на воспитување кои ни се нудат, и често сме збунети и загрижени дека не сме го примениле на прав начин?

Нема научно воспитание и нема наука за воспитанието.

ВОСПИТАНИЕ е нашиот нормален, емоционален и спонтан однос со нашите деца .

Воспитниот процес е стварниот наш живот. Кога нешто шкрипи, кога не се чувствуваме добро можеме да се консултираме со стручни лица.

Што значи да му се посветиме на детето? Која е правата мерка на посветеност- Кога знаеме дека не сме претерале и сме подлегнале под детето, а не сме го занемариле?

Ние зборуваме дека ги сакаме нашите деца, но тоа не се покажува на начин така што ќе им наметнуваме некои наши рецепти и концепти во воспитанието. Кога ги сакаме нашите деца тогаш се играме со нив кога се мали. Кога имаат 3-4 години, понекогаш им бараме да ни помогнат во куќата, да ни додадат крпа, да направат нешто, да ни донесат, однесат. тоа е едно играње за детето, а за нас е работа. Детето мора нас да не впива низ животот. Никој не го воспитува своето дете со упатства. ниеден родител не им рекол на своите деца да крадат, да се тепаат по натпревар, но некои деца тоа се и го прават. Според тоа станува збор за еден кушлус во воспитниот процес. Ако тато и мама се караат а потоа му кажат на своето дете да биде учтиво,пристојно да не вика, и да не се расправа – тоа е безмислено! Тука некаде до 10-11 година, зборовите се многу малку присутни во воспитниот процес.  Заради тоа често зборуваме дека детето не не слуша што му зборуваме да прави. Детето всушност гледа што ние правиме. Гледа како се наведнуваме за да дофатиме нешто, како седиме, како се насмевнуваме, како кажуваме „Добар ден“кога доаѓаме дома, или воопшто не кажуваме. Би требало да гледате како ве имитираар вашите деца,. Ќе видите многу работи кои  можеби нема да ви бидат пријатни. Ако му кажуваме на детето фа биде храбро, а ние се плашиме  (пр.од обичен пајак) тогаш како тоа иѓе биде хтабро. Така да  би требало да сме целосно вклучени во воспитниот процес. Кога некој родител постојано нешто работи и е зафатен,и само ги погали своите деца кога поминат покрај него, тој сигурно не ги воспитува децата како што тој би сакал да бидат. Кога постојано сме отсутни надвор од куќата, на работа или на службен пат, надвор од видното поле на детето тогаш ние не го воспитуваме. Тоа се постигнува низ еден процес т.н. да влезе во цивилизација.Што значи детето да се „цивилизира“?

Детето мора да влезе во некоја цивилизација – да научи како и кога се мијат раце, кога ни се семејните празници, да знае како се седи на маса или не се седи, значи мора да влезе во она што сме ние. Не можеме да го учиме детето на некоја цивилизација во која ние не сме (таму некаде, туку сега и овде) Бидејќи ако вие како родители не им сте во видното поле, тогаш во видно поле ќе им бидат ликовите од телевизија или другу ликови од Интернет и социјалнимрежи.. А таму порано се гледаа каубојски филмови кога точно се знаеше кој е разбојник, а кој е добар а кој е лош.Како во бајките кога лошото секогаш го победува злото. . Кој треба да се сака, а кој не треба.А детето сака движење , акција. сака правда. Но во сериите што се прикажуваат секоја вечер, не се знае повеќе кој е разбојник, а кој не е. При тоа тие разбојници понекогаш се многу шармантни, и децата се идентификуваат со она што го гледаат. Прикажување на пример на фудбалски натпревар, па како се тепаат навивачите! Зошто ние да го гледаме инцидентоt? Тоа нека го гледа полицијата, а не таткото со детето кое навива за Ц. Звезда или Барселона на пример.

Дали родителите денес премногу ги тераат децата на разни активности, понекогаш оптеретувајќи ги. Дали  заради чувството на  кривица дека премногу се зафатени и малку им се посветуваат или од помодарство да се оди на јазици, глума, балет, спорт?

На ова се среќаваме постојано, а и таму каде што мајките не работат. Главно треба да се знае дека тоа што сакаме да им го дадеме- да им го дадеме со наше учество и со наше задоволство. Ние да ги носиме на тренинзи, часови. Ние како родители имаме наша концепција како да го воспитуваме. А кога родителите работат, тогаш постои некој на пр. баба или дедо кои го чуваат и се грижат за него. а и кога не постои никој друг освен мама и тато, а и ако мајката и таткото го поминуваат времето квалитетно – тогаш нема да има проблеми. тоа значи – ако одат некаде заедно (макар еднаш неделно заради обврски), ако живеат во хармонични односи, ако детето учествува во се, имаат свои задачи како мама и тато …

Проблем се јавува ако времето не го проведуваат вистински со децата. Некои велат „Имаме сега куќа, и децата имаат своја соба, компјутер, телевизор, и не сакаат да учат!? Не сакаат да учат затоа што се повеќе му допушташ, се повеќе се ослонуваш на неговата самозаштита и самоувид. И таа забрана на она што детето сака, а не разбира- нема што да се објаснува..Грижата околу децата мора да биде активна и ние родителите мораме да созреваме со нашето дете. А ризик превземаме колку можеме. Ризик да се премине улица е исто и за нас возрасните и за децата. Мораме да знаеме што може нашето дете, а што не може, што можеме да му дозволиме, а што не. Со трепет, но сепак мораме. Кога да престанеме да се грижиме? Не можеме да престанеме. Но мораме да престанеме да му пречиме на детето да одрасти. Што повеќе го заштитуваме, помалку го штитиме.   

Како да се избориме со проблемите при учењето и вечната дилема- Треба ли да им правиме притисок или тој ќе предизвика уште поголем отпор?

Ние мораме да ги тераме децата да учат. Но при тоа мораме да знаеме дека децата ќе бидат успешни ако го засакаат учењето. Никогаш не треба на детето да му кажеме „ оди учи, оди работи“! Од нултиот ден па до 15 година мораме да работиме со него. Па кога детето ќе дојде со слаба оценка, да му кажеме „ ајде да пробаме тоа сега да го решиме, и да видиме како да го решиме проблемот“! И како што детето постепено почнува да се индивидуализира во се, така и во учење, и во  работа. Ако сме успеале да го мотивираме, само ќе сака да работи. Но ако не сме успеале во тоа мораме да го тераме. Мораме да бараме некои нови модели бидејќи не смееме да запоставиме тоа нешто што веќе го имаме. Со тоа што мораме да ја исфрлиме секоја казна од секој проблем во учењето. Проблем се јавува и со пораките кои му ги пренесуваме на детето . Ако сме контрадикторни во пораките – и да бараме од него да учи, а да му зборуваме дека комшијата нема ни школо ни факултет а  направил пари, куќа со базен и.т.н/ значи постигнал во животот без напор, сосема погрешно го насочуваме или му даваме нејасни пораки. Како потоа ќе очекуваме од него да се труди и го засака учењето. Кога пред детето оговараме некој или зборуваме дека училиштето не вреди, тогаш ги збунуваме нашите деца насочувајќи ги погрешно,

Заради тоа на детето му е потребен авторитет на чесно и естетско однесување. Што е тоа естетско однесување?

Секое семејство,секое мало во градот, градот посебно има своја естетика. Тоа е принцип. Мајката да биде уредна, дотерана, куќата средена и.т.н.  При тоа точно се знае што се очекува од членовите на семејството. Се поставува прашање  – Дали ние на нашето дете му импонираме како луѓе, за да тие би не имитирале и би им биле модели на идентификација? Или ние сме за нив некои татко и мајка , а тоа може да имотира некои други, кои му се поупадливи,поблиски, поприметливи? Естетиката е взаемно почитување, да детето од мали нозе го воспитуваме да почитува други.  Пр. Имате семејства каде викендот се поминува дома со телевизор, компјутер или мобилен телефон- пасивно и со слаба комуникација помеѓу членовите од семејството. ,.А постојат и семејства каде секој викенд се поминува на прошетка, во парк излет, на викенд – активно Како се однесуваме, како изгледаме, како зборуваме така и воспитуваме. Пример обичен Дали ние ги миеме забите или бараме од детето да ги мие забите? Дали ги миеме рацете пред и после на ручекот, или само тоа го бараме од детето?

Ако ние тоа не го правиме а бараме од детето, тогаш сме во конфликт, и ниту тоа ни верува нас ниту ние него не му веруваме. Детето веќе тука некаде , и кога ќе тргне на училиште, а и порано сака да биде некој и нешто на оние кои и нему му се некој и нешто. Ако ги подучиме да биде некој на етички начин базирани врз морални принципи.Пр. не подбивајќи се со некој ( дали има голем нос или е дебел). Ако го воспитуваме да се почитуваат други луѓе, и ако увидат дека и ние ги почитуваме другите тогаш нема да има проблем. И тоа ќе научи да почитува.