Press "Enter" to skip to content

Дали ставивте зимски гуми? “Мотоцентар“ секогаш прв избор за гуми (фото+видео)

Едно важно потсетување. Од  15 ноември – па сè до 15 март е на сила обврската за носење зимска опрема во нашите возила. Битола, за среќа го има “Мотоцентар“, секогаш прв избор за гуми лоциран на “Краварски пат“ од десна страна кога излегувате од Битола.Тоа не е само продажен салон за гуми, во него ги имате сите услуги на сервис, вулканизер и хотел за гуми-кој е толку потребен за оние кои немаат место за складирање на пневматиците во сезона во кои не се користат, а и професионална грижа за истите.Експертите ќе кажат дали само две зимски гуми се доволни – одговорот е не…или пак дали погонот на сите четири тркала е доволна замена за зимските гуми – одговорот е повторно не. Согласно законот за безбедност во сообраќајот, нашите возила мора да бидат опремени со соодветна зимска опрема.

Со цел да ја подигнат свеста за важноста на зимската опрема нашите пријатели од “Мотоцентар“, во соработка со РСБСП и МВР организираат деновиве информативна кампања која ќе се одвива низ цела Македонија. Според членот 361 од Законот за Безбедност во Сообраќајот „Моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 Ноември до 15 Март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.“Повторно ќе напоменеме дека ова значи дека зимската опрема не е задолжителна само надвор од населените места, туку и во населените места.Под зимска опрема за вашето возило се подразбира: 

-Зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарата од 4 милиметри или

-Летни пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарата од 4 милиметри и во возилото да носите соодветни помагала.

-Не заборавајте дека синџирите за снег се поставуваат на погонските тркала. Доколку вашето возило има погон на сите четири тркала, тогаш опремата е:

-Зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарата од 6 милиметри или 

-Летни пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарата од 4 милиметри и во возилото да носите соодветни синџири за снег.

-Ако имаат постојан погон на четири тркала, синџирите се поставуваат на задната осовина.

-Ако имаат преклоплив погон, тогаш синџирите се поставуваат најмалку на постојано вклучената осовина.Веднаш да разјасниме – доколку вашиот автомобил има погон само на две тркала, зимски пневматици само на погонските тркала ниту ги задоволуваат законските барања за зимска опрема, ниту пак ја препорачуваме оваа опција, бидејќи едноставно не е безбедна.Имајте предвид дека зимски пневматици се оние кои имаат ознака „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.Оние кои ја имаат само „М+S“ ознаката (или некоја нејзина варијанта) не ги задоволуваат стандардите за зимски пневматици, и не се сметаат за зимски пневматици – а со тоа не ги исполнуваат законските барања.Посетете ги “Мотоцентар“ – светската услуга и фер цените ќе направат да бидете нивни верен клиент, а тие со својот “Клуб на лојалност“ ќе ве наградат со “cash back“ и картичка со посебни погодности. 

https://motocentar.com.mk/