Денес, вторник, 30 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне облачно со повремени врнежи кои ќе се менуваат од дожд до снег. Во пладневните часови врнежите ќе престануваат и облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 4 степени.
Утре, среда, 1 декември, во Битола времето ќе биде наутро доста студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Температурата во Битола до 6 степени.