Press "Enter" to skip to content

Игор Михајловски раководител на МСУ „Г. Р. Державин“ во Битола: младите по секоја цена да ги следат своите соништа и да не отстапуваат

Жанета Ристевска

“Следи ги своите соништа упорно, но со чесност и тие ќе се реализираат“ порака до младите. Ако ги следиш своите соништа кои ги посакуваш длабоко во себе, без откажување, тие ќе се реализираат, со чесност вели Игор Михајловски човек кој реши да остане да го гради својот живот, да ги реализира своите соништа заедно со своето семејство,  во нашата земја. Овде можеш да се самореалозираш и да постигнеш тоа што го сакаш, но реално  да ги знаеш своите способности, интереси и можности , кој си и до каде можеш. Разговорот со Игор Михајловски го направивме во  неговата канцеларија на неговото работно место раководител на филијала при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“  во Битола, на кое работи 10 години.  Кога му предложив ваков разговор уште пред 3 години, скромно, мирно на нему својствен начин ми кажа. Не е време, потребно е уште да се докажувам. Од тогаш се докажува со скормност и чесност, а зад тоа голем број успеси, како на работното место кое бара голема  одговорност, така и во повеќе сфери: Спортист, активно се занимава со куглање и селектор на репрезентација. Иницијатор на проект за промоција на спортот куглање “Кугламе и сме среќни“ кој започна во 2018/19 година  во сите основни училишта во Битола и околината во кој 600 ученици започнуваат да спортуваат куглање. Основач на женски кугларски клуб во Битола. Основач и главен уредник на специјализирано “он-лајн“ списание за класично куглање, единствено од таков вид во Европа. Покренува движење против бучавата во градот како проблем, учествува во иницијативата враќање на фестивалот “Браќа Манаки“ од Скопје и да остане во Битола.  Планинар со освоени неколку врвови. Покрај ова и други интереси психологија, уметност, музика…За себе, за образованието кое го има…

-Дипломиран магистер по историски науки на катедра за национална историја, но со интерес и афинитети кон  психологија, економија и менаџмент. Се пронајдов во менаџерскиот дел, раководител на филијала на МСУ “Г.Р. Державин“ на кое место сум од 2011.Во работни обврски  спаѓаат се што е поврзано со универзитетот, маркетинг, организација… Ме исполнува целосно работата, каде има постојана комуникација, посебно ме мотивира работа со млади личности на кои можеш да им помогнеш и насочиш.  Животот е сведен на семејни обврски, потоа тука е мојата   работа, успевам и  наоѓам време за мојата страст, а тоа е куглањето. Тој интерес трае  20 години, но интензивно се занимавам во последните години. Исто така тука се уметностите, музиката, планинарење  кој го исполнуваат моето интересирање и време.Твојата страст куглање. Твои почетоци во овој спорт…

-Сметам дека куглањето како спорт има долга традиција, но не е можеби толку актуелен како други спортови, кои се на некој начин попопуларни. Ќе истакнам дека во куглање, како држава сме имале многу добри резултати на интернационално ниво.  Во Битола постојат 2 клуба машки и женски. Едниот е активен уште од 80-те години.  Во едниот клуб сум  куглар и тренер на машката екипа.  Основач сум на  женскиот клуб, во кој сега членуваат спортистки од проектот “Кугламе и сме среќни“ од 600, се издвоија и сега се 50 кои се занимаваат со овој спорт посериозно. Со ова на еден начин се гледа успехот на овој проект. Сметам дека  единствен  начин да се  зачува македонското куглање е  да се вложува во младите.Иницијатор на проектот „Кугламе и сме среќни“, кажете повеќе?

-Во 2018/19 започнавме со активности со тоа како да ги подобриме условите за куглање во Битола.  Проектот „Кугламе и сме среќни“ беше организиран во сите основни училишта во Битола и општините Могила и Новаци. Над 600 ученици започнаа со овој спорт, тука беа вклучени деца од најмала возраст градинки,  основни училишта. Некои од нив тренираа други спортови и потоа се пронајдоа во овој спорт. Целта на проектот промоција на овој спорт, но се вклучивме и работевме на тоа да ги подобриме успловите за работа. Ќе кажам дека со упорност успеавме во тоа што го добивме овој објект во кој сега тренираме, со многу добри услови. Агенцијата за спорт  обезбеди средства за овој  објект кој  е регионален и може да го користат  и други клубови во регионот. Тука ќе морам да го кажам големиот придонес и  благодарение на тогашниот градоначалник Наташа Петровска која се заложи и на нејзина иницијатива  се побараа средства, кои  Агенцијата за спорт ги одобри.   Корона кризата влијаеше на многу сфери, така и на спортот…

-Куглањето е индивидуален спорт, но сепак корона кризата со протоколите кои се воведени, многу негативно се одрази и  врз овој спорт. На тренинзи со машката екипа патувавме во други градови најчесто Скопје и тоа нормално се прекина. Стравот од корона вирусот кај многу родители, што беше нормален, грижата, за своите деца доведоа да престанат да ги носат на тренинзи.   Сега пополека се стабилизираме и почнавме со тренинзи. Но, имало  прекини и порано, кога се менувале  генерации, кои прекини не се добри. За Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола  

На МСУ “Г. Р. Державин“ во Битола  постојат  5 факултети и 2 институти. Тоа се факултетот за  психологија, економија, правен, безбедносно инжинерство, информатика. Ангажиран е квалитетен кадар, еминентни професори, научни соработници. Како Универзитет сме биле организатори на  голем број настани од научен карактер како научни конференции, семинари, обуки. Најголем дел од активностите ги направивме од поширок аспект и вклученост на поголем број луѓе.  Тоа биле настани, проекти  со активности со цел да се даде придонес кон македонската  наука и култура. Ќе наведам некои од нив.  Пред пандемијата тоа беше Конференција на филозофи која се органзираше со МАНУ  во Охрид и Битола. Во организација на Факултетот за правни науки при МСУ, се организира „Ораторски ден“  со присуство на голем број на студенти, професори, политичари и други гости. Голем број  изложби. Фестивал за хумор и сатира, спортски првенства во шах.  Многу настани од област на психологија во „Денови на психологијата“. Врвни психолози преку интерактивни предавања, работилници, трибини ги споделуваа нивните знаења и искуства со големата публика. Оваа година  настаните од област на психологијата предизвикаа огромен  интерес,  беа  на платформата zoom и ги следаа од  8оо- 1.000 учесници. Во текот на пандемијата имаше и други активности од различни области на платформата zoom.  За успешно органзирање на овие активсности, се заслужни голем број на човечки ресурски кои ги имаме како Универзитет. Во однос на простор исполнуваме високи стандарди, тоа се одлични услови за работа. Нашиот амфитеатар пружа одлични услови и тука се организираат промоции на книги, семинари, обуки… Но за жал ќе кажам заради корона криза и за да ги запазиме мерките на заштита еве веќе втора година наставата е органзирана он лајн. За жал. бидејќи факултетот треба да е место каде студентите ќе ни бидат тука, со вистинска интеракција, комуникација и дружење. Но сега го имаме огромниот  виртуелен простор каде многу учесници присуствуваат, дискутираат, дебатираат  на научни предавања, собири, конференции … Секако тука се  позитивните придобивки на дигиталните платформи.МСУ “Г. Р. Державин“ партнер со  Државниот  универзитете во  Русија од Тамбов од 2008 година

– Еве веќе во континуитет од 2008 година имаме многу добра соработка со Државниот универзитет од Тамбов Русија, значи повеќе од деценија. Сите години на соработката е во размена на наставен кадар, студенти… Сите овие години на соработка голем број врвни реномирани руски професори доаѓаат да одржат предавања тука на нашиот уиверзитет.  Секоја година праќаме студенти кои се запознаваат со студирањето, праксата како приоритет на студирањето. Односот кон образованието таму е сосема поразлично од кај нас.Активист за подигање свест кај граѓаните за многу иницијативи. Кажете повеќе околку ова ?

-Едната иницијатива беше подигање на свест за бучавата како негативна појава во градот, која толку е раширена што веќе никој не ја ни приметува, освен кога се соочиш со неа и делува негативно на квалитетот на живот. Имено со преселување од помирно место за живењее  во центарот на градот што се вели  на идеално место,  со семејството се соочивме со проблем. Тоа беше проблем кој досега не го знаевем дека постои.  Со јавно кревање на проблемот да биде видлив увидовме дека заради негрижа или немање слух  на институциите не може да се делува и да се реши проблемот.  Кога се подигна свеста за овој проблем се увидоа некои работи кои сите ние кои живееме во Битола, а и на Балканот  како подрачје  бучавата и други еко проблеми не ни значат ништо, сме се навикнале. Еве конкретно ќе кажам еден пример со кој можеби се сооочуваат и многу други. Во зградата има сизовски дуќан кој работи како кафе бар, се прават техно забави од кои не може човек да се одмори.  Можеби во градот и нема мирна населба. Иницијативата  ва ова движење беше да станеме свесни како Битолчани што ни се случува.  Има одредени професии на пример шофери, оние кои работат трета смена, каде  неквалитетен сон подразбира негативни последици  во извршување на обврските.   Бев исто така вклучен во иницијатива за да се врати фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола од Скопје. Мала група активисти околу  15-20 ние студенти отидовме со автобус до Скопје и  радикално отидовме на фестивалот, со барања  да остане таму каде и што припаѓа во Битола родниот град на браќата Манаки. Зад нас не  стоеше политички партија. Колку придонесовме со оваа иницијатива не знам, но сепак фестивалот си остана во Битола. Тука ќе кажам колку Битола го заслужува, тоа е друго прашање, кое  треба да се анализира.Љубов кон планината….Планинарење страст, хоби

-Една од неколкуте мои љубови е планината, планинарството. Еднаш неделно се искачувам до Пелистер. Сакам планинарње, искачување, освојување врвови. Но ќе кажам дека тоа не е некој висок алпинизам туку повеќе рекреативно, во склад со моите можности.  Сум се искачил на повеќе врвови тоа се:  врвот Мусала на Рила (Балкан), Маглич во Босна,  Татрите (Словачка и Полска ).Уметноста  музиката  проткаени низ животот…

-Уметноста била цел живот проткаеана низ мојот живот поточно  од тинејџерските денови, свирам гитара. Љубовта кон музиката ја наследив и ми ја всади мојот татко Владимир  Михајловски. Музиката ми била значајна и смеатам дека делува  терапевтски, и во  радосни, среќни,   но и во тажни или тешки моменти во животот. Цел живот сум на некој начин  поврзан со музика секако мојот  татко најзаслужен за тоа. Сите наши семејни прослави,  слави, родендени, празници… завршувале со  песна, придружени со гитара или пиано. Тоа се незаборавни моменти со моето семејство.  Љубовта кон уметност ве поврзува  со Вашата соруга Гордана Михајловска уметник, која скромна,  но препознатлива, се истакнува со свои фотографии и други уметнички дела…-Уметноста исто така била составен дел од мојот живот и ме инспирира. Љубовта кон неа не спојува на некој начин со мојата сопруга Горадана. Таа е скромен уметник, но нејзините дела излегуваат на површина, препознатливи по нејзината оригиналност. Семејство, работни обврски, куглање, планинарење… Многу обврски и интереси… На кој начин  сето ова се постигнува?

-Секако со добра организација на времето, а тоа се постигнува со намален број на часови на спиење. Време за себе наоѓам во раните утрински часови и доцните навечер, со што се намалува времето за спиење. Се навикнав и доволни ми се само неколку 4-5 часа спиење. На овој начин денот ми е подолг со динамика на работа, потоа семејни обврски, 2 – 3 часа во куглана, обавезно. Подоцна успевам и по некое домашно да “напишам“ со моите деца, Синот учи во 6 одделение, а ќеркичката во 4 одделени. На тој начин поминувам и одредено време со нив. Децата  го сакаат куглањето, но не сум родител кој ќе навали. Има периоди кога сакаат многу да тренираат,  а има периоди кога не сакаат. Синот покажува поголем интерес за куглање и покажува позабележителни резултати.Дали успехот се препознава и дали е правилно вреднуван во нашето општество?

-Во принцип наградите можат да бидат сфатени на еден или друг начин. Во однос  на финансии не се вреднувани,  но за лична сатисфакција да.   Мотивација за да продолжите и понатаму да се залагате за нови работи. Во Битола има квалитетни луѓе  кои не се препознаваат, а би требало да бидат. Успешните личности треба да бидат примери на кои ќе се огледуваат сите, особено  младите.Порака до младите

-Низ мојата работа имам комуникација  со млади личности и  ќе кажам дека новите генерации имаат друг концепт на живот. Сметам дека се многу спонтани  и поискрено го живеат животот. Моја порака до нив е да го следат  својот сон и да не отстапуваат. Условите се  тешки, но можеби и не биле полесни, некогаш.  Но, низ тешкотии да се пробуди младешкиот бунт, инаетот,  за да се заложат да го реализираат она што го сакаат. По секоја цена да ги следат своите соништата и да не отстапуваат, бидејќи со визија, поставена цел, упорност, но ќе нагласам со чесност може да го реализираат тоа што го сакаат.Со поракат упатена до младите, всушност мојот соговорник го кажа патот до   реализација на своите соништа. Нагласувајќи ја чесноста како морална вредност на секој човек, во секоја сфера, таа и била клучна да биде успешен семеен човек, сопруг, татко, спортист, планинар,  на работно место…

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »