Press "Enter" to skip to content

Александар Ортаковски – Ортак, млад дизајнер и TAО – модна колекција за современата жена, негова инспирација

-TAO е брендот на најнесекојдневната, најуникатна и најсамоуверена девојка/жена. која не познава граници и за која годините се само бројка.

„Генијалноста е во едноставноста“ рекол  Ајнштајн… Тоа беше прва асоцијација која ми падна  на памет,  разгледувајќи ги  моделите од колекцијата на брендот ТАО.  Моделите со прави линии, форми и основни бои.„ Less is more“ е секогаш ИН вели Александара Ортак, а убавината и карактерот на самоуверената жена  во прв план. Тоа се креациите на младиот Александар Ортаковски – Ортак во  првата „ready to wear“ колекција насловена „22“, која беше промовирана  на неговиот 22 роденден. Алек Ортак ново име на модното небо.

Низ интересен разговор, за Bitola News, откри за себе, како започна и идејата за брендот ТАО и првата колекција „22”

-Од најмала возраст сакав да цртам и тоа најповеќе ликови, тоа беа најчесто женски ликови од приказните, цртаните актуелни во тој период, девојчиња, познати личности, мојата мајка… Несвесно почнав да ги цртам со различни облеки, тоа некако спонтано ми доаѓаше, секогаш сакав да видам како би изгледало поинаку, како што јас сум го замислил ликот. Подоцна, на мои 7/8 години, сфтив дека со осмислувањето на деловите облека, започнав да дизајнирам. Уметноста ме привлекуваше уште од мал, основно и средно образование. Отсекогаш имав и многу други интереси. Се занимавам и со фотографија, сликарство,… Во средношколските денови се доближав и до глумата. Благодарение на мојот класен раководител Даниела, со која подготвивме една одлична претстава за Гимназија “Ј.Б. Тито“, и сите ние, средношколци, се соживеавме и со улогите и самото дејство, а и процесот на создавање театраска претстава. Архитектурата исто така е нешто кое што го сакам уште од најмала возраст, област каде може креативно да се изразиш, каде од идеја се доаѓа до реализација, исто како и во модниот дизајн. Се запишав на Архитектонски факултет во Скопје, сега сум на мастер студии – втор циклус. Откако знам за себе дизјнот ми е хоби, дизјнирав облека, но тоа остануваше само во моите цртежи и моите сништа. Тоа беше една тајна, за која ретко кој знаеше, но  бев решен да ја споделам со други во оној момент кој јас ќе сметам дека е вистинскиот. Како мал, ми се појави една бариера поради околината, предрасудите, кои можеби и јас ги имав, за поделбата на професиите на машки и женски. Но сепак низ дизајните кои ги реализирав за мојата мајка, тоа излегуваше на виделина.Кога се охрабривте и зошто?

-Како што кажав, како дете на почетокот си имав создадено некоја бариера и мојата пасија ја чував само за себе. Но, како што минуваа годините, се повеќе и повеќе бев сигурен дека тоа е она што сакам да го правам. Но и покрај тоа, свесно одлучив моето хоби да го задржам за себе се додека не создадам нешто, преку кое се изразив, како„ТАО“, преку кое во целост ќе можам да ја претставам својата визија и естетика. До 22 години ми беше само хоби, сите овие години цртав, дизајнирав облека и постепено самиот навлегуваав во модата, напоредно студирајќи архитектура. На преломот од моето студирања, со созревањето како личност, со многу поголема самодоверба во себе и своите способности и можности, се одлучив да го лансирам мојот бренд „ ТАО”, со првата ready-to-wear колекција, насловена „22”. И секако не би можел да не ја спомнам преголемата поддршка од моите родители и мојот брат, низ сите изминати години, дури и кога никој не знаеше. Секогаш ми се „ветар во грб“.

Кое е значењето и од каде потекна идејата за брендот ТАО и првата колекција “22”, и за кој е наменета?

-Идејата за името ја имав одамна, ТАО доаѓа од почетните букви The Alek Ortak – TAО. Но има повеќе значења. За мене претставува и потсетување на филозофија која лично ми значи, но остава и еден сегмент на мистерија кога прв пат ќе го прочиташ името и самата колекција „22” исто има свое симболично значење.  Брендот го лансирав и ја претставив колекцијата на 2 декември 2021 година на денот кога наполнив 22 години, а и 2 како број има посебно значење за мене. Колекцијата е замислена на тој начин да може да го претстави мојот сензибилитет и стил како уметник. Според мене уметникот секогаш се изразува и претставува себеси преку своите дела, без разлика дали се работи за моден дизајн, уметничка слика, фотографија, архитектонксо дело,… Во моделите од првата колекција на ТАО преовладува модернизам и минимализам, кој ги почитувам и следам како стил без разлика дали создавам мода, архитектура или било што друго. Едноставно, ја претставив современата жена/девојка на начин на кој јас ја замислувам. За мене, убавината, карактерот и сензибилитет на жената/девојката се секогаш во прв план, а облеката која јас ја создавам треба да ги дополни и нагласи, истакне. Секогаш обрнувам посебно внимание на квалитетот на материјалите, затоа што во модата покрај убавината, за мене неизбежен дел е и удобноста. Бои кои доминираат се  црна и бела боја, за мене таа комбинација  „timeless“ комбинација и соодветна за секоја сезона. Но, a touch of color најдобро му прилега на оваа timeless комбинација, и затоа одбрав три основни бои кои се додадени со цел да нагласат одредени детали. Или “God is in the details,” како што знае да каже еден од моите омилени архитекти – Mies van der Rohe.На кој начин му пристапувате на работата, на модниот дизајнот но и на вашиот бренд?

-Секогаш кога дизајнирам тргнувам од идејата да ја претворам мојата фантазија, визија, идеја во уметичко дело за човечкото тело. Често знам да кажам дека творам во сегашноста но со визија за иднината. ТАО како бренд беше во целост моја замисла, од почеток до крај, дизајнираните парчиња и нивното презентирање, изборот на фотомоделот, стајлингот, естетиката и графиката на прикажување… Перфекционист сум и секогаш нештата ги замислува во целост, до најситен детал.

Кои модни креатори те инспирираат ?

-Кажав дека сакам минимализам, модернизам, но исто така сум и голем вљубеник во авангардата, која често може да се забележи низ моите скици. Инспирација црпам најчесто од светската мода, но ја пратам и домашната модна сцена. Како личност од модниот свет секогаш го издвојувам, за мене незаменливиот, Karl Lagerfeld. А има многу модни брендови кои ги почитувам, некои поради стилот и дизајните, некои повеќе поради дизајнерите и пристапот кон професијата. Меѓутоа ако би морал да издвојам, според она што го работат во моментов, тоа би биле Valentino, Balmain и Mugler. Додека од македонската сцена секогаш сум го прател и почитувал Александар Ношпал, а моментално од поновите дизајнери, би ги издвоил Папаз и Занов.Идни планови…

-Засега во преден план ми е ТАО и моите студии. Како и досега, ќе продолжам безрезервно и посветено да работам и на двете паралелно. ТАО е моден бренд за дизајнирана облека, ready-to-wear – Колекциски дизајнирани парчиња облека за општа употреба и custom-made – Индивидуални нарачани дизајни за одреден клиент. Бидејќи со колекцијата 22 веќе го опфатив ready-to-wear моментот, логично би било следниот чекор да е претставување и на другата страна на брендот, односно custom-made парчиња. Но за тоа не би откривал повеќе детали. А читателите на вашиот, портал би ги упатил да го заследат ТАО, на инстаграм @taooofficial и на фејсбук ТAO.official, преку кои можат да бидат во тек со сегашните и идните проекти и настани за ТАО.Порака за крај

„Бидете свои и никогаш, по никоја цена не се одкажувајте од своите соништа колку да ви изгледаат лудо и нереално“.

Ж.Ристевски

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »