Press "Enter" to skip to content

УКЛО – Битола станува активен чинител во научно- истражувачката дејност на национално ниво (фото)

Со седум добиени научно- истражувачки проекти  Унивезитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола е втор  универзитет во државата што постигна забележителен успех на два конкурси од МОН: за проекти од посебен и  јавен интерес за поддршка за развој на лабораториски ресурси и за финансирање на  научно – истражувачки проекти на јавните научни установи за 2021 година. Според ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски, овој значаен успех  потврдува дека УКЛО Битола покрај во наставнообразовната е активен чинител и во научно – истражувачката дејност и на тој начи ќе ја јакне и својата општествена одговорност. Тој истакна дека на овој начин се обновува практиката за работа на научно – истражувачки проекти финансирани на национално ниво. Оценка е дека големиот успех на Техничкиот факултет – Битола, Факултетот за биотехнички науки – Битола, Технолошко – техничкиот факултет – Велес  и научните институти за Старословенска култура од Прилеп и Хидробиолошкиот завод од Охрид,  го позицинира УКЛО  како  второ  раниран универзитет во сферата на научните истражувања и особено во зајакнување на  лабораториските ресурси. Проректорот за наука, проф. д-р Игор Неделковски нагласи дека после УКИМ,  УКЛО е  второрангиран со седум проекти,  по што следуваат МАНУ и УГД – Штип, со по еден проект.По укажувањето дека проектите се однесуваат на  суштината на научното истражување, проректорот, проф. д-р Игор Неделковски нагласи дека во првата проектна линија во првиот конкурс, од вкупно пет, УКЛО доби четири  проекти. Станува збор проектна линија за акредитирање на лаборатории имајќи во вид дека клучна работа на секоја лабораторија е нејзината акаредитација.  На овој начин, според проф. д-р Игор Неделковски,  УКЛО ќе стане  водечка сила на вакви акредитирани  научни истражувања, на што Универзитетот е посебно горд.   Тој исто така, истакна дека во рамки на проектната линија за поддршка за одржување на техничката компетентност и воведување нови аналитички методи  добиени се добиени  уште два проекти.  

Во рамки на настанот учество зедоа деканите и раководителите на проектите од трите единици на УКЛО: Технички факултет – Битола, Факултетот за биотехнички науки – Битола и Технолошко – техничкиот факултет – Велес,  и  истите  беа претставени поодделно. Акредитацијата на лабораторијата за заштита на животната и работната средина од техничкиот факултет – Битола ја претстави проф. д-р Владимир Мијаковски, еден од  двајцата раководители на проектот во којшто учествува и проф. д-р Ванѓелче Митревски.Добиениот проект за Компетентност на лабораторијата за екстракција на етерични масла од зачински и лековити растенија и детерминација на биолошки активни материи согласно примената на мкс ен ISO/IEC 17025:2018 го претстави вонр. проф. д-р Елена Јошевска, раководител на проектот.Акредитацијата на лаборатотијата на Прехранбено – технолошкиот центар за развој на иновативни продукти (ПТЦ) од  Технолошко – техничкиот факултет – Велес ја претстави вонр. проф. д-р Даниела Николовска Неделкоска, раководител на проектот.

Е.Атанасоска

More from ВестиMore posts in Вести »