Пред нас се празниците и секој дом заслужува да ги дочека со своите најблиски, на трпеза со храна и со подароци кои ќе им значат.
И оваа година “СН ФИНАНСИИ“ донираше новогодишни пакетчиња за социјално загрозени семејства од селата Беранци, Ивањевци, Српци, Канатларци, Свето Тодори, Алинци, Трап, Добрушево, Трновци, Ново селани, Дедебалци под Општина Могила и Долно Агларци, Добримири, Велесело, Бач, Гермијан, Живојно во Општина Новаци.
Нив партнер веќе втора година во оваа акција е Црвен крст – Општинска организација Битола соработка која од СН ФИНАНСИИ најавија дека продолжува.

“СН Финансии“ преку Црвен Крст од Битола донираше новогодишни пакетчиња
More from КомерцијаMore posts in Комерција »





