Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Томе Јанчевски – Мечето

Во Битола на 70 годишна возраст почина Томе Јанчевски – Мечето, долгодишен секретар на фудбалскиот клуб Пелистер, која функцијата ја извршуваше дваесетина години, а беше и претседател на ОФС Битола.

Томе Јанчевски беше секретар и најблизок соработник на неколку најдобри претседатели на Пелистер, сведок на сите случувања, кога Битола беше центар на македонскиот фудбал, активен учесник во многу победи и успеси на клубот, активен учесник во многу фудбалски трансфери на фудбалери и тренери…

Томе Јанчевски – Мечето поради својот карактеристичен имиџ беше препознатив како дел од Пелистер на сите стадиони низ поранешна Југославија каде настапуваше Пелистер, а многумина го нарекуваа заштитен знак на клубот.

Битолските љубители на фудбалот Мечето ќе го паметат и неговиот продорен глас, при неговите забелешки и коментари на секоја судиска одлука на штета на Пелистер или неспортски потег на противничките фудбалери.

Томе Јанчевски – Мечето и по неговото повлекување од активната работа во ФК Пелистер остана голем вљубеник и навивач на Пелистер.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »