Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Лазо Ристевски

Во Битола на 60 годишна возраст почина поранешниот новинар и фото репортер Лазо Ристевски.

Лазо Ристевски беше роден во Мало Илино, живееше во Скопје и Битола, а за него може слободно да се каже дека еден од првите фоторепортери во Македонија.

Ристевски работеше за весниците “Вечер“, “Скок“, “Битолски весник“, “Дело“, а најмногу за весниците, неделникот “Денес“ и “Македонија Денес“, како и за “Вест“, “Екран“…

Ристевски беше новинар и фотограф на македонската естрада, а работеше и за издавачките куќи во Македонија, а посебно беше ангажиран во поранешната издавачката куќа “Везилка“ од Битола.

Ристевски имаше објавувано голем број на текстови и фотографии за неделниците кои излегуваа во поранешена Југославија, најмногу во Србија и Босна и Херцеговина.

Погребот на Лазо Ристевски се одржа во Светонеделските гробишта во Битола.