Во 22 часот и 43 минути во Битола се почуствува силен земјотрес, кој имаше епицентар кај Лерин во Грција, а првиот земјотрес имаше јачина од 5,5 степени според Рихтер, а потоа следуваа уште два помали, со интензитет од 3,5 и 4,2 степени според Рихтер.
Земјотресот направи паника во Битола, посебно во зградите за колективни живеење, во Нова Битола, каде сите се изчезени надвор и кај сите се чуствува страв.
Во делови од Битола, на улицата “Иван Милутиновиќ“ нема електрична енергија.
Битолчани кои живеат во зградите велат дека ноќва ќе ја поминат кај роднини и пријатели кои живеат во куќи или во домовите.
Во периодот од земјотресот до полноќ имаше голем интензитет на сообраќај низ градот.