Екипата на Еурофарм Пелистер 2 во салата “Боро Чурлевски“ во Битола ги започна подготовките на пролетниот дел на оваа ракометна сезона, во која се најпријатното изненадување, посебно по победата на Вардар.Прозивката во Битола ја направи тренерот Александар Јовиќ, заедно со помошникот Александар Зарков и тренерот на голманите, а на првата прозивка не се јавија репрезентативците голманот Трајкоски и крилот Кузманоски.
На стартот на подготовките Јовиќ рече:
-Денес ги започнавме подготовките и имаше уште шест кола од вториот дел на полусезоната. Цел на екипата останува пласман во плеј-офот, што по залихата која ја имаме од есенските кола треба да биде лесно остварлива. Но затоа треба добро да ги одработиме овие дваесеттина дена и подготовките да ги дочекаме дуелите во кои треба да го потврдиме местото во плеј-офот. Мојата екипа на секој натпревар ќе игра на победа. Огромна сатисфакција и на клубот и нашето семејство е големиот број репрезентативци и на сите им посакувам успешно првенство, а на нашата селекција достојно претставување.
Што се однесува пак до планот за подготовки и контролни натпревари тренерот на Еурофарм Пелистер 2 најави два теста со македонски суперлигаши на крајот на месец јануари.

Еурофарм Пелистер 2 стартуваше со подготовните за продолжението на сезоната во која се најпријатно изненадување (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
- Билтен на МВР: 72 годишник крадел засилувачи за интернет на А1, полицијата го уапси
- Првиот ракометен трофеј оваа сезона во Битола – го донесоа кадетите на Еурофарм Пелистер
- “Креативен ден 2025“ во Битола – претставување на учесниците од СУГС “Кочо Рацин“- Скопје
- На Педагошкиот факултет во Битола прв доктор на науки за надарени и талентирани во Битола (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
- Првиот ракометен трофеј оваа сезона во Битола – го донесоа кадетите на Еурофарм Пелистер
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Вечер мајсторка за полуфинале, Илиевски верува во кошаркарите и пласман во полуфинале
- Антоан: со игра како во Битола и со 40 минути борба – ќе славиме и на мајсторката во Скопје