Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: Постпразнична депресивност во време на ковид криза или како после опуштената празничната еуфорија и атмосфера

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола.

Сиви, тмурни, ладни денови… елката, декорациите се расфаќаат, светлата се гаснат, убавите празнични мелодии не се слушаат повеќе… враќање на работните обврски  по празничните денови. Може да се јават чувства на осаменост, тага по времето поминато со семејството и пријателите… Нека не ве чуди што не сте во најдобро расположение,  уморни сте, тешко ви е да станете од кревет.

Кои чувства може да преовладаат  кога се  вратиме во “реалноста“?

Со почетокот на Новата година, после магичната, весела атмосфера и  еуфорија која вледее пред и за време на празниците,  откако ќе спласне еуфоријата ќе настапи некое празно чувство особено  со започнување на  работните обврски, кога се некако ни изгледа погрубо реално, а не бајковито. Во тој период како за миг да заборавивме или сакавме да заборавиме на пандемијата.

Пандемијата додатен стрес

Пандемија и  корона вирусот кој се уште се шири, изолација, страв, неизвесност и стрес  можат додатно да ја компликуваат ситуацијата. “Новото реално“  донесе промени во секојдневните односи меѓу луѓето,  ја зголеми осаменоста, оттуѓеноста, како резултат на стравот од социјални контакти. Заради стео ова на нагласеното чувство на страв и неизвесност од „чудната“ пандемија која трае две години се надоврзуваат чувства  на тага, осаменост, незадоволство поради завршувањето на празничната сезона (која за многумина е најубавиот период во годината), и враќање на секојдневниот ритам. Сето ова може да предизвика симптоми на блага депресија која е препознатлива како постпразничната депресија. Таа е вистински феномен и за тоа постои интересно психолошко објаснување: станува збор за намалување на количеството на супстанците во мозокот што за време на празниците биле на високо ниво.

Причини

„Допаминот е невротрансмитер, хемикалија што ги пренесува сигналите во мозокот. Покрај многу други работи, допаминот има главна улога во сигнализирање на чувството на уживање и радост кога правиме нешто во кое уживаме“, пишува Ед Јанг за Discover Magazine.

Кога правите нешто што сакате или учествувате во нешто што ве возбудува – како подготовки за празниците, украсување на елката, дарување на најблиските, прославување… – допаминот го активира во мозокот делот за награди и прави да се чувствувате среќни, задоволни и исполнети. Оваа година во време на пандемија можеби тоа и не развесели уште повеќе, не оддалечи од паралелниот мрачен свет на бројките на заболени од корона вирус, смртни случаи… на кој за миг заборавивме или се трудевме да заборавиме.  Може да се каже овогодинешните празници  беа исполнети  со активности што ни го активираа делот во мозокот за награди, Со уште поголеми очекувања на радост, среќа… да бидеме заедно со семејството, пријателите да си ја честитаме Новата година,  посакаме здравје и пандемијата што побрзо да заврши. За среќа, за повеќето луѓе, здравите невросензори во мозокот го одржуваат нивото на допамин на прифатливо ниво, велат експертите од Оксфорд.

Но, кога доаѓа до нагло опаѓање на „добрите супстанци“ и најздравиот мозок ќе ја почувствува таа голема промена  Кога ќе завршат прославите, изгаснат светилките, декорациите ги нема „сите подароци“ се отворени… и седите сами, недостигот на овие хемикалии може да биде ужасно тежок. Добрата вест е што оваа постпразнична депресија не е долгорочен проблем.

Мора да се спомене дека поизложени се оние личности кои чувствуваат незадоволство од својот живот, кои  се осамени или се чувствуваат осамено, оние кои  раскинале емоционална врска, губиток на блиска личност, оние кои се далеку од своите блиски. (Статистичките податоци зборуваат зголемно чувство на депресивност, тага  и депресија како и зголемен број на самоубиства во светот во овој период заради и што добил име) Тоа е другатра страна на медалот на т.н. празнична еуфорија.

Како да си помогнете, бидете реални.

Имено, како конзументи на весели, романтични и шарени новогодишни содржини кога излеземе на улица, со нивното завршување ние всушност гледаме друга поинаква слика на реалноста која сега  ни изгледа уште посурово и грубо, наспроти магичната, бајковите атмосфера за време на празниците. Ние би требало да сме свесни дека и едно и друго претставуваат реалност, и не е се сјајно и  бајковито, но не е се тажно или катастофално. Ова менување на чувства ќе го избегнеме ако вежбаме способност да направиме една целовита  слика на себеси, другите и околината и да не одделуваме (“одлепуваме“) еден дел од реалноста било тој да е позитивен, па потоа да паднеме во замка на се е црно и страшно. Или  да ја одлепиме и го  негираме негативниот аспект, па се да ни е  розово и да испаднеме наивни. Светот не е ни црн ни бел. Туку комбинација од обата и способноста тоа да го поднесеме го јакне нашето ментално здравје и егзистенцијалната толеранциаја – поднесување на животот прифаќање  и уживање во него. Во однос на пандемијата штитете се себеси, грижете се своето физичко и ментално здравје, јакнете го својот имунитет. Следете и примајте ги оние информасции кои се релевантни. Премногу информации обично контрадикторни само ви внесуваат страв, паника  и неизвесност.

Донесете одлуки за промена на себе

Пред почетокот на новата година сите се наоѓаме пред предизвик што би требало да направиме, кои чувства, особини, навики или емоции да ги ставиме на нашата листа како приоритетни за да бидеме подобри, посреќни, поуспешни и задоволни со себе.

Анализирајте се себеси и размислете: дали ви  е потребно повеќе трпение, упорност, простување, благодарност, одлучност, храброст за своите желби и амбиции…, да вежбаме -да не се осудуваме или чувстуваме виновни заради своите емоции, а потоа и другите луѓе, како и да се чувствуваме заради нешто ние треба да си дадеме дозвола или да ги проживуваме своите емоции 

Примери: Ако си тажен- биди тажен, ако си уплашен – биди уплашен,  ако си среќен  – пеј… Емоциите и нивното манифестирање не прави се повеќе да сме човечни, а помалку крути, ладни и рутински “конзерви“. Тие не прават појаки, почувствители, емпатични и не поврзуваат меѓусебно.

-Исто така размислувајте за убавите работи  со  голема желба и волја за убави планови  што ќе ви се случат во иднина кои ќе ги направите.

-Да одете баш на она место кое ви е близу и кое одсекогаш сте сакале да го посетите.

-Мотивирајте се да започнете да учите нешто ново,

-Да се јавите на оној кој ви недостасува и искрено му  го кажете тоа.

-Понекогаш е доволно некој само да ве ислуша, па веднаш да ви биде полесно.

-Доколку сакате да ја запечатите изминатата година за која сметате дека не ви била доволно успешна, раскажете и на близок пријател,  се за последен пат и конечно почнете да уживате во новата година со ведрина и свеж дух како никогаш досега.

-Развивајте ја духовноста

Ќе завршам со една  мисла на Отец која ми остави впечаток: „Зошто престанувате да посакувате, па како тогаш Бог да делува, како да посредува!  За среќа Бог не можеме да го „убиеме“со својот песимизам,  но   СЕБЕСИ  ДА“.