Press "Enter" to skip to content

Граѓаните кои имаат неплатени сметки за вода во ЈКП “Водовод“ можат да ги платат на рати

ЈКП Водовод Битола ги известува своите потрошувачи кои имаат неплатени сметки за вода и услуги по основ на редовни и тужени сметки и фактури за сите физички и правни лица, почнувајќи од периодот 20.01.2022 година до 20.02.2022 година,  им се дава можност заостанатиот долг да го платат на рати без камата, во спротивно ќе се поведат постапки за наплата на заостанатиот долг со што би биле непотребно изложени на дополнителни трошоци.

Ве известуваме дека сметките за потрошена вода може да ги плаќате во наплатниот центар во дирекцијата на ЈКП „Водовод“ Битола  на улица „Климент Охридски„ бб, и во  наплатниот центар во зградата на „Работнички Универзитет“ на улица „Рузвелтова“ бб.

Исто така наплатата на сметките за потрошена вода   може да се изврши и преку интернет порталот www.vodovdbt.mk за наплата на сметки на физички лица, како и можност за плаќање на сметките и фактурите преку следните Банки;

-Стопанска банка АД Битола

-НЛБ Банка

-Прокредит Банка

-Уни Банка

-Шпархасе Банка

-ТТК Банка

-НЛБ Тутунска Банка

-Централна кооперативна Банка

-Халк Банка

-Силк Роуд Банка

-Комерцијална Банка АД Скопје

-Стопанска банка АД Скопје

ЈКП„ВОДОВОД“ – БИТОЛА

More from ВестиMore posts in Вести »