Press "Enter" to skip to content

Во Битола 30 нови позитивни на ковид-19, оздравени 105, починато едно лице

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 3.044 тестови, а регистрирани се 718 нови случаи на КОВИД-19, во Битола се 30.

Регистрирани сe 1.244 оздравени пациенти од Битола се 105.

Во Битола до сега има 12.036 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 1.542 лица.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 14 починати лица, едно починато лице од Битола на 90 година, починато во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.749.733 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 256.996, бројот на оздравени пациенти е 228.736, на починати е 8.240, а бројот на активни случаи изнесува 20.020.

More from ВестиMore posts in Вести »