Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: зимска депресивност  и корона криза – причини и како да се надминат симптомите

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола.

Зимската  депресивност е сама по себе многу тешка, но пандемијата со корона вирусот, изолацијата, стравот и стресот можат додатно да ја компликуваат ситуацијата. “Новото реално“ кое донесе промени во секојдневните односи меѓу луѓето и секако ја зголеми осаменоста, оттуѓеноста меѓу луѓето како резултат на социјалната изолација, намалени контакти, повеќе време да се поминува дома. Сето ова се причини кои  можат  дополнително да го засилат  проблемот со кој се борат голем број на луѓе во зимската сесзона и кое се нарекува – сезонско афективно пореметување или т.н. зимска депресија – ако трае подолг период. Но ако симптомите се во пократок временски период за време на зимските денови тогаш станува збор за депресивност.

Што е зимска депресивност

Зимската депресивност  се поврзува со годишното време. Зимскиот период кога деновите се кратки, со помалку сончева светлина. Потоа помалку сме физички активни, а јадеме храна која е со повеќе јаглени хидрати и масти особено за време на празниците, како и вишок на слободно време (период на празниците) кога и повеќе се чувствуваме осамено. Помала количина на сончева светлост носи со себе и специфични симптоми од кои најкарактеристични се:

– поспанст и општо нерасположние

– замор, кој се јавува и после долгочасовно спиење

– губење интерес за вообичаените активности,

– промена на апетит и потреба за внесување на јаглени хидрати, што неретко влијаат на промена на тежината,

– слаба концентрација и раздразливост,

– потреба за подолг сон кој не одмара,

– потреба за осамување.

Причини

Заради недостатокот на сончева светлост невро трансмитерите кои се одговорни за лачење на хормонот на расположение (мелатонин и серотонин) се лачат во помала количина, и доведуваат до лошо расположение. Клучно е излагање на дневна сончева светлост.

Зимска депресивност во време на пандемија 

Симптомите на зимска депресивност може да бидат засилени заради пандемијата. Намалени контакти заради заштита од ввирусот, страв од контакти, изолација за време на болест. Во контекст на пандемијата и заштитните мерки од една страна и соочувањето со сезонското афективно пореметување – зимска депресивност од друга страна се препорачува:

– прошетки во природа на отворено и излагање на сончева светлина.

– здрави животни навики пред се добар сон и здрава исхрана

– спорт

Ако чувствувате страв од изложување на ризик да се заразите со вирусот при спортување и близок контакт со помали групи на луѓе, пешачете или долги прошетки во природа.

Постпразнична депресивност

Со постпразничната депресивност  се засилуваат  симптомите на зимската депресија кога и повеќе може да ја чувствуваме осаменоста. Чувството на тага, осаменост, незадоволство поради завршувањето на празничната сезона (која за многумина е најубавиот период во годината), и враќање на секојдневниот ритам, може да предизвика симптоми на блага депресија. Нагласување на празниците покрај шопингхоличарска атмосфера, тука се и заедништво со семејството, блиските. Опкружени со сликите, реклами на билборди, магична атмосфера, прекрасни мелодии кои упатуваат на тоа дека би требало да сте расположени, радосни, вљубени, имате среќно семејство, богата трпеза.  (прочитај повеќе во претходен текст  рубрика Совети на wwwbitolanews.mk

Социјалните контакти во време на пандемија

Пандемијата можеби и го зеде данокот на навики за помалку дружење, но за некои личности можеби и изговор да не се дружат или намалат социјални контакти со други луѓе. Ова однесување често и  може да биде сфатено како манипулативно, што исто така доведува и до разочарување во односите меѓу пријателите. Со тоа може и да ги зголеми чувствата на разочарувае, незадоволство, тага, осаменост.

Важно!

Пандемијата кај многу луѓе и доведе до појава на депресија и зголемена анксиозност, а мерките на физичка дистанцирање и изолација не се здрави за нашата психа. Треба да се нагласи дека сосема нормално е да се чувствувате анксиозно, без волја и раздразнето. Понекогаш и да се чувствувате тажно, депресивно.

Затоа:

-редовно комуницирајте и опкружете се со пријатели кои ве исполнуваат со позитивна енергија и на кои може да им се доверите кога се чувствувате лошо.

-јавите му се на телефон (не со пораки ) на оној кој ви недостасува и искрено кажете му го тоа.

-разговарајте со блиска личност кога се чувствувате разочарано, осамено, тажно.

-понекогаш е доволно некој само да ве ислуша, па веднаш да ви биде полесно.

-направете си нешто убаво за себе, угодете си, правете нешто што ве прави радосни, среќни.

-слушајте музика, читајте, гледајте некој забавен филм….

-не гледајте вести кои ве вознемируваат (особено вести за бројки на новозаразени од ковид)

-реално проценете ја опасноста од вирусот ковид и однесувајте се дисциплинирано, без паника и страв.

-побарајте и стручна помош ако се чувствувате подолго време тажно, разочарано и депресивно.

-секоја прилика користете ја за прошетки во природа.