Вчера, во Битола на 92 годишна возраст, по кратко боледување, почина писателот Радован П. Цветковски, поет, раскажувач, литературен критичар, есеист, писател за деца и млади и фолклорист.
Радован П. Цветковски е роден 1931 година во Сопотница, Демир Хисар. Беше член на Друштвото на писатели на Македонија, Македонското научно друштво Битола, Друштвото на фолклористи на Македонија и на Управниот одбор на списанието “Современост“, член на роднокрајното одделени во библиотеката во Битола.
Делата на Цветковски се застапени во повеќе антологии. Во поезија ги објавиле делата „Моето поднебје“, „Кругови од лузни“, „Камен и небо“, „Бели несоници“, „Дедо ми во балканските војни“, „Кога ѕвездите кон небо паѓаа“, „Јазли на душата“, „Корени од прагот“, „Даги“, „Прекршено време“, „Сонето пратчувство“ и „Навите“. Поетски избори: Врати во пејсажот, „Аманети“, „Распетие наше“ Проза: „Ангелот и клучот“, „Блиску до умот“. Проза за деца и млади: „Смокот пештерски“, „Рашко“, „Приказни од лозје“. Во Критики и студии објавил „Видувања“, „Отаде и одавде времето“.
Негови последни дела беа фолклористички „Македонски народни пословици““, „Сказанија демирхисарски“, „Демирхисарски и други сказанија“ кои ги подаруваше на младите во Битола. Дела од областа на дијалектологијата и лексикографијата: „Студија за демирхисарскиот говор“, „ Речник на демирхисарскиот говор“.
Добитник е на неколку значајни награди и признанија, меѓу кои и на „Книжевен жезол“ на ДПМ за 2019 година.
Погребот ќе биде извршен денес во 12 часот на Битолските градски гробишта.






